Сè додека парите не нè разделат (шпански јазик: Hasta que el dinero nos separe) е мексиканска телекомедија.
Дејство Ова е реална приказна за Рафаел Медина, момче кое живее тешко и прави сè што е возможно за да преживее. Продава цел куп работи, како парфеми, обетки, сувенири... се‘ за да се снабди со храна себеси, својата мајка Леонор и сестра си Хулиета, на која и го плаќа универзитетот. Секогаш бил насочен против часовникот, независно дали е рано наутро или доцна вечер, него може да му се случи чуден инцидент. Тоа го носи до Алехандра Алварес дел Кастиљо, млада жена, директор на претпријатие, во кое се продаваат автомобили. Алехандра е на прагот да се омажи за Марко Валенсуела.
После тој инцидент, иднината на Рафаел зависи од Алехандра, и тој како таа има право да го приме или отрфрли од работа од своето претпријатие. За да се спаси од казната, тој моли помош од таткото на Вики, млада девојка, со кој тој имал кратка врска пред некое време, но проблемот е тоа што никогаш не бил вљубен во неа. Вратите се затвораат една по друга за него. Тој повторно се наоѓа пред Алехандра, која откако ги анализира нештата решава да му дади работа на Рафаел, за да може да ги покрие своите долгови. Тој го прифаќа предизвикот и така започнува неговото мачење. После неколку месеци заедно работење, со текот на дејствата малку по малку си даваат до знаење дека помеѓу нив има силно чувство и привлекување и една силна емотивна зависност. Марко и Вики ќе се обидат да направат се‘ што е возможно за да ги придобијат Алехандро и Рафаел при себе и да ги разделат.
Улоги Глумци Ликови Педро Фернандес Рафаел Медина ЊуњезИтати Канторал Алехандра АлварезВиктор Нориега Марко ВаленцуелаЛуз Елена Гонсалес Викторија де ла ПараКарлос Камара Франциско БелтранСерхио Корона Хорхе Алварез дел КастиљоКлаудија Тројо СузанаЛетисија Педригон Леонор Њуњез Надворешни врски Официјално мрежно место
Категорија:Мексикански телевизиски серии Категорија:Теленовели