thumb|200px|Борис Тадиќ Борис Тадиќ (српски: Борис Тадић; р. во ) — српски политичар и поранешен претседател на Србија. По професија е психолог и е водач на Демокртската партија. Тадиќ бил избран на петгодишен мандат на 27 јуни 2004 година, а положил заклетва на 11 јули 2004 година. Тој бил повторно избран на 3 февруари 2008 година на петгодишен мандат, а заклетвата ја положил на 15 февруари. Пред да стане претседател на Србија Тадиќ бил министер за телекомуникации на Сојузна Република Југославија и првиот министер за одбрана на Србија и Црна Гора.
Борис Тадиќ се залага за целосна интеграција на Србија во Европската Унија, но исто така верува дека Србија може да се приклучи на ЕУ единствено ако се почитува територијалниот интегритет на Србија со суверенитетот над Косово. Тој се смета за прозападно ориентиран водач, но кој се залага за добро избалансирани односи со Русија САД и ЕУ.
Потеклo
Борис Тадиќ е роден во Сараево, главниот град на Народна Република Босна и Херцеговина, република во рамките на Федеративна Народна Република Југославија. Неговиот татко, Љубомир, е филозоф и член на Српската академија на науките и уметностите, а неговата мајка, Невенка, е психолог. Неговиот дедо, од страна на мајка му, и уште шест други роднини биле убиени од страна на хрватскиот усташки режим за време на Втората светска војна во концентрациониот логор Јасеновац.
Фамилијата Тадиќ се потомци на српскиот клан на стара Херцеговина во Пива и ја слават куќната слава Свети Јован. Неговите родители често се селеле во различни градови и се преселиле од Париз во Сараево, каде што ги завршиле нивните докторски студии, само неколку дена пред неговото раѓање. Семејството на Тадиќ се преселило во Белград кога тој имал три години и неговиот татко се вработил во весникот Ослбодување.
Тадиќ завршил основно училиште во „Пера Поповиќ Ага“ (денес „Михајло Петровиќ Алас“) и се запишал во Прва Белградска гимназија во Дорчол, населба во Белград. За време на тинејџерските години тој играл ватерполо во В.К. Партизанн, но поради повреди морал да прекине. Тој дипломирал на Универзитетот во Белград на Филозофскиот факултет со диплома по психологија, поконкретно социјална психологија во одделот за клиничка психологија.
Тадиќ бил уапсен за време на неговите студии поради учество во демонстрации, барајќи уапсените студенти да бидат ослободени од притвор, и поминал еден месец во казнено-поправниот затвор во Падинска Скела.
Тој работел како новинар, воен клинички психолог и како наставник по психологија во Првата Белградска гимназија. До 2003 година Тадиќ исто така работел во Факултетот за драмски уметности при Белградскиот Универзитет како лектор по политичко рекламирање.
Политичка кариерa
Тадиќ се приклучил на Демократската партија, основана во 1990год. Демократите освоиле седум места во националното собрание таа година. Во 1998год. Борис Тадиќ бил основач на Центарот за модерни вештини. Центарот за модерни вештини е невладина организација која се занимава со политичко и граѓанско образование и со развојот на политичката култура и дијалог.
Демократската партија била дел од Демократската опозиција на Србија која одиграла клучна улога во соборувањето на Слободан Милошевиќ во 2000год. Тадиќ бил два мандати заменик-водач на Демократската партија пред да биде избран за нов водач во 2004година по смртта на Зоран Џинџиќ.
Тој бил министер за телекомуникации во Сојузна Република Југославија во 2004година и министер за одбрана од 17 март 2003год. сè додека не ја започнал својата претседателска кампања. Тој работел како пратеник на Демократската партија, а подоцна и како заменик-претседавач во парламентот. Во 2003год. бил и водач на Демократската опозиција на Србија, коалиција во Парламентот на Србија и Црна Гора, и во 2004година водач на Демократската партија во Парламентот на Србија. Како пратеник бил член на парламентарната комисија на науката и технологијата. Атентатот на Зоран Џинџиќ, во март 2003година, довел до конвенција на раководството на Демократската партија во 2004година, на која Тадиќ го победил Зоран Живковиќ. Тој бил повторно избран во редовна водачка конвенција во 2006год.
Претседател на Србија во рамките на државната заедница ( 2004-2008)
Тадиќ како нов водач на Демократската партија бил избран за кандидат на претседателските избори. Тадиќ го победил Томислав Николиќ од Националистичката радикална партија во вториот круг на претседателските избори во 2004година со 53% од гласовите. Тој бил инаугуриран на 11 јули истата година.
На 1 декември 2004година претседателската моторизирана придружба на Тадиќ била вмешана во судир во сообраќајот. Мирослав Кимпл, србин вработен во американската амбасада, повеќепати го удирал своето возило во претседателската придружба, иако возилото на преседателот не било лично засегнато. Кимпл избегал од местото на настанот, но подоцна бил уапсен откако владата на Србија се пожалила на амбасадата. Подоцнежната истрага заклучила дека Кимпл немал намера да го повреди Тадиќ и дека тој возел под дејство на алкохол.
Јавноста го поврза овој инцидент со сличен настан во февруари 2003год. кога Дејан Миленковиќ – Багзи извршил обид за убиство врз тогашниот премиер Зоран Џинџиќ со удирање на неговото возило со камион на автопатот. На 6 декември 2004год. Борис Тадиќ упатил извинување во Босна и Херцеговина од името на српскиот народ до сите оние кои биле жртви на воени злосторства.
Како претседател Тадиќ води прозападна надворешна политика.
На 28 септември 2005год. тој се состанал со папата Бенедикт XVI во Ватикан, што го прави прв српски претседател примен во посета на папата. Посетата помогнала во подобрувањето на заладените католичко-православни односи.
Во 2006год. во Црна Гора Тадиќ претседавал за време на референдумот за независност. Тој бил првиот странски шеф на држава во посета на Црна Гора откога таа станала независна на 8 јуни, ветувајќи дека ќе продолжат пријателските односи. Исто така и Србија прогласи независност и Тадиќ присуствувал на првото подигнување на знамето на Србија во Њујорк, седиштето на Обединетите нации.
Тадиќ учествувал во настаните одбележани по повод 50-годишнината од унгарската револуција, откривајќи ја спомен плочата во чест на Имре Наѓ со премиерот Ференц Џурчањ во амбасадата на Србија во Будимпешта. На 22 јуни 2007год. во Белград Тадиќ претседавал на 1000 состанок на Комитетот на министри на Советот на Европа..
Во 2007 г. тој упатил извинување до Хрватска за сите извршени злосторства за време на војната од името на Србија.
На Тадиќ му била доделена ,,Европската награда за политичка култура’’ од страна на Швајцарската Фондација ,,Hans Ringier’’ од издавачката куќа ,,Ringier’’ во Локарно на 4 август 2007год. Претходно таа му била доделена на Жан-Клод Јункер. Тадиќ одлучил финансискиот дел од наградата да го донира во хуманитарни цели за породилиште во близина на градот Грачаница. Во истата година, на 6 септември заедно со Милорад Додиќ и Воислав Коштуница бил потписник на договорот што доведе до формирање на Советот за соработка помеѓу Србија и Република Српска.
Во септември 2007 година, тој се состанал со Сумитака Фуџита, главен финансиски директор на корпорацијата ,,Itochu’’, со цел да преговара за донација од Официјалната помош за развој, која би била искористена за изградба на нов мост на реката Дунав во Белград. Спротивно на неговата претходна одлука на косовските парламентарни избори во 2004година, Тадиќ изјави дека нема право да ги повика Србите на Косово да гласаат на парламентарните избори на Косово во 2007година, бидејќи барањата за кои се залагал во 2004год. не биле исполнети. Тој изјави дека поранешните и сегашни терористи кои избегале од затвор во Косово во септември 2007 година, се наоѓаат во северните региони на Република Македонија. Според него, терористите планираат нови напади на општините во јужна Србија, со цел да започне нов конфликт на Прешевската долина. Во крајот на 2007 година, тој изјави дека Србија не го поддржува распадот на Босна и Херцеговина и дека, како гарант на Дејтонскиот договор, кој донесе мир во Босна, го поддржува нејзиниот територијален интегритет. Тадиќ, исто така, рече дека Србија го поддржува интегрирањето на Босна во Европската Унија. Заедно со тоа, тој го поддржува вклучувањето на Босна во воената организација НАТО. На 13 јануари 2008 година, Тадиќ најави пакет од 7,5 милијарди динари за модернизација на српската армија од Националниот инвестициски план за да се вклучи купувањето на комуникациска опрема и генерален ремонт на воздухопловните сили.
Кампањата за повторен избор
Борис Тадиќ се залагаше за предвремени претседателски избори, што се бара под уставното право по донесување на новиот Устав на Србија, по успешниот уставен референдум во октомври 2006 година. На 13 декември 2007 година, говорникот на парламентот, Оливер Дулиќ, го одредил датумот на изборите за 20 јануари 2008 година. Демократската партија официјално ја поднесе кандидатурата на нивниот водач на Републиканската изборна комисија на 21 декември. Кампањата за повторен избор беше предводена под мотото - "За силна и стабилна Србија" (За Јаку и Стабилну Србију) во првиот круг, и "Да ја освоиме Европа заедно!" (Да освојимо Европу заједно!) во вториот круг. Тадиќ се залагаше за интеграцијата на Србија во Европската Унија, но и за територијалниот интегритет на Србија со суверенитет врз Косово и Метохија.
Тадиќ добил поддршка од Г17 Плус и од Демократската партија на Санџак, партнери од Владата. Тој исто така добил поддршка од различни национални малцински партии, вклучувајќи ги унгарските и ромските партии. Тадиќ добил силна поддршка од Милорад Додиќ, премиерот на Република Српска. Исто така добил поддршка од различни организации кои ги претставуваат лицата со инвалидитет и со посебни потреби.
Тадиќ добил 1.457.030 гласови (35,39 проценти) во првиот круг. Во вториот круг на 3 февруари 2008 година тој се соочил со Томислав Николиќ и победил на изборите со 2.304.467 гласови (50,31 проценти).
Претседател на Србија (2008- )
Претседателската заклетва на Борис Тадиќ: Се колнам дека ќе ги вложам сите мои напори во зачувувањето на суверенитетот и интегритетот на територијата на Република Србија, вклучувајќи го и Косово и Метохија како нејзин составен дел, како и на остварувањето на човековите и малцински права и слободи, набљудување и одбрана на Уставот и законите, зачувување на мирот и благосостојбата на сите граѓани на Србија и дека јас ќе ги исполним сите моите должности совесно и одговорно.
Тој положил свечена заклетва на церемонијата на 15 февруари 2008 година во Народното собрание на Србија. Собранието на Косово прогласило еднострана декларација за независност на 17 февруари 2008 година. Борис Тадиќ повикал состанок на Советот за безбедност на Обединетите Нации итно да реагира и го поништи актот. Тој исто така изјавил дека Белград никогаш нема да ја признае независноста на Косово и никогаш нема да се откаже од борбата за своите легитимни интереси. Русија ја поддржа позицијата на Србија и претседателот Владимир Путин изјавил дека каква било поддршка за едностраното прогласување на независност на Косово е неморална и незаконска. На 21 февруари Тадиќ се состанал со претседателот на Романија Трајан Басеску во Букурешт, каде што му се заблагодарил за романската поддршка и истакнал дека "Србија нема да се откаже од својата иднина во Европа". Тадиќ, исто така, истакнал дека Србија нема да ги прифати законитостите на Европската Унија планирани за полицијата и судската мисијата за Косово.
На 25 февруари 2008 Борис Тадиќ се состана со Дмитриј Медведев и Сергеј Лавров во Белград, каде што Медведев изјавил: "Ние продолживме од сфаќањето дека Србија е една држава со сопствено законодавство кое ја опфаќа целата нејзина територија, и ние ќе се држиме до овој став во иднин. Ние направивме договор да ги координираме заедно нашите напори со цел да се излезе од оваа сложена ситуација ". Договорот за гасоводот ,,Јужен тек’’ беше потпишан за време на оваа посета.