Миренскиот Град се наоѓа во Мирен кај Нова Горица во Словенија.

Миренска тврдина

Потеклото и изградбата на миренската тврдина не е познато. Се смета дека е подигната од страна на витезите Тоси врз темели на римска тврдина, која го носела името Монте Градо. Во времето на Селанската буна во 1515 година во Словенија, тврдината била опожарена и срушена. Некои остатоци од нејзините ѕидови остануваат видливи во близина на денешната црква и манастир.

Црква

Во текот на вековите, овде постоеле повеќе објекти, како црквата Пресвета Богородица која била изградена во 1488 година, а во 1753 истата била обновена за да во 1914 година повторно биде значително оштетена. Во 1958 година, неговата внатрешност била украсена со фрески од Тоне Клаљ.

Галерија

Надворешни врски http://www.brezmadezna.com/md/mi/miren.htm http://www.gradovi.jesenice.net/miren.html Gradovi, dvorci in graščine na Slovenskem (book), by Ivan Jakič http://www.kam.si/romarske_cerkve/mirenski_grad.html

Категорија:Замоци во Словенија Категорија:Цркви во Словенија Категорија:Манастири во Словенија Категорија:Општина Мирен-Костањевица