Органела е клеточна структура во која се одвиваат најразлични процеси кои се од важност за клетката. По аналогија, улогата на органелите во клетката е како онаа на органите од организмот. Органелите се делат на универзални, растителни и животински органели.

Клеточни органели

Универзални органели — се среќаваат во сите видови на клетки: Јадрото е најважната клеточна органела. Во него се содржи генетската информација. Митохондриите се органели во кои се одвива процесот наречен клеточно дишење. Рибозомите учествуваат во синтезата на белковините. Ендоплазматичниот ретикулум е внатрешноклеточен циркулаторен систем, кој врши транспорт на материи доста важни за клетката. Голџиевиот систем учествува во образувањето на вакуолите, везикулите, лизозомите, сферозомите итн. Вакуолите имаат улога во складирањето на клеточните сокови, како и при клеточната дигестија. Микротубулите се градбени делови на цитоскелетот и учествуваат во делбата на животинската клетка Трепки и камшичиња, учествуваат во најразличните движења на клетката. Микротела, субмикроскопски структури со најразличен облик и функција. Растителни органели — ги има само во растителните клетки: Пластидите, кои се пигментирани органели (освен леукопластите). Кај растенијата, хлоропластите имаат улога во фотосинтезата. Сферозоми, синтетизираат липиди. Животински органели — ги има само во животинските клетки Центриоли, кај животинските клетки учествуваат во градбата на делбеното вретено.

Категорија:Клетка Категорија:Цитологија Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Органели