Тибериј III ()Kazhdan, pg. 2084 — Византиски цар од 698 до 21 август 705.Dumbarton Oaks, pg. 624 Иако неговото владеење билвоглавно успешно, особено во спречувањето на арапската закана на исток, тој бил соборен од поранешниот цар Јустинијан II и последователно погубен.
Доаѓање на власт
Тибериј бил германски поморски офицер од областа Памфилија и веројатно првично бил именуван АпсимарCanduci, pg. 200 кој се издигнал на позиција на друнгариј на Кибирјанската тема.Moore, Tiberius III Тој учествувал во неуспешниот поход за повторно освојување на Картагина во 698 година. Како адмирал Јован Патрицијот се повлекол од Картагина до Крит, флотата се побунила, го соборила и убила нивниот водач,Moore, Tiberius III и о избрале Аспимар за негова замена.Norwich, pg. 334 Тој го менува своето име во Тибериј,Bury, pg. 354 Апсимар испловил кон Цариград кој во тие моменти страдал од чума и го опсадил.Bury, pg. 354
Неговиот бунт ја привлекол поддршката на Зелената фракција,Norwich, pg. 334 како и делови од копнената армија и царската стража, аи службеници кои му биле лојални и му ги отвориле портите од градот и го прогласиле за цар, по што неговите војски го пљачкосале градот.Bury, pg. 354 Кога цврсто се воспоставил на власт, наредил на соборениот цар Леонтиј да му се отсече носот, и му наредил да се замонаши во манастирот Псаматион.Norwich, pg. 334 Леонтиј исто така го осакатил неговиот претходник Јустинијан II три години претходно.Canduci, pg. 200
Владеење и соборување
Како цар, Тибериј III направи тактичка одлука да ја занемари Африка, каде Картагина дефинитивно била изгубена.Moore, Tiberius III Наместо тоа, тој го назначил својот брат Ираклиј како моностратег на истокот, кој првично ги утврдил копнените и поморските одбранбени структури во АнадолијаNorwich, pg. 334 пред да го нападне Омејадскиот калифат под водство на Абд ел-Малик, каде имал помали победи додека го ограбувал северот на Сирија во 700 и 701 година.Bury, pg. 355 Тој подоцна нападнал и за одреден период окупирал територија во Ерменија, додек пак арапските угнетувачи во 703 и 704 година биле изгонети од Килкилија при што арапите имале тешки загуби.Norwich, pg. 334
Успехот во војувањето се постигнал на тој начин што Тибериј се обидел да ја зајакне воено империјата преку реорганизавија на асминистрацијата.Moore, Tiberius III Тибериј тогаш своето внимание го насочил кон островот Кипар, кој бил недоволно населен од времто на владеењето на Јустинијан II.Bury, pg. 356 Тој испратил пратеници до калифот на Дамаск, барајќи ги назад кипарските заробеници кој биле заробени во близина на Мраморното Море, и со тоа ги населил повторно во нивните родни места. Ја зајакнал одбраната на островот и истовремено го зголемил бројот на војниците во гарнизонот со војници од Таур.Bury, pg. 356 Тој исто така ја преорганизирал и Кибирјанската темаBury, pg. 356 и ги поправил пморските ѕиддини на Консантинопол.Kazhdan, pg. 2084
Дома, негово единствено познато дејство било протерувањето на Филипик Вардан, син на значааен патрициј, на островот Кефалонија.Филипик, иден цар, сонувал дека неговата глава е засенета од орел, нешто што Тибериј го проторкувал дека тој планирал бунт против него.Bury, pg. 357
Во меѓувреме, во 704 година, Јустинијан II избегал од неговиот прогон во Херсон, кај, Бусир Главан.Norwich, pg. 335 барајќи помош од казарите. Јустинија повел казарска армија во Цариград. За три денови, Јустинијан се обидел да ги убеди граѓаните на Цариград да ги отворат портите, но било залудно.Bury, pg. 360 Во меѓувреме, неговите војски откриле одамна напуштен воден довод под градските ѕидини, низ кој Јустинијан и неколку од неговите поддржувачи успеале да влезат во градот.Norwich, pg. 336 Дознавајќи дека Јустинијан се приближил во Цариград во ноќта, Тибериј побегнал во Витинија каде успешно избегнувал да биде заробен неколку месеци.Norwich, pg. 337
Со неговото заробување, Тибериј, заедно со неговиот брат Ираклиј и претходниот цар Леонтиј,Kazhdan, pg. 2084 биле парадирани во синџири низ градските улици и биле донесени пред Јустинијан на Цариградскиот хиподром.Norwich, pg. 337 Таму, пред навивачка публика, носот на Тибериј бил отсечен. Јустинијан ги ставил своите стапала над вратовите на Тибериј и Леонтиј на симболичен начин претставувајќи го покорувањето пред да нареди двајцата да бидат обезглавени.Moore, Tiberius III Тиберовиот брат, Ираклиј, и многу од воените водачи кои биле под негова команда биле бесени последователно.Bury, pg. 361
Наводи
Извори
Првични извори Theophanes the Confessor, Chronographia. Секундарни извори
Moore, R. Scott, "Tiberius III(II) (698–705 A.D.)", De Imperatoribus Romanis (1999) Warren Treadgold, A History of the Byzantine State and Society (Stanford University Press, 1997) ISBN 0-8047-2630-2 Dumbarton Oaks, Catalogue of the Byzantine Coins in the Dumbarton Oaks Collection, Vol. II, Part 2 (1968) Bury, J.B., A History of the Later Roman Empire from Arcadius to Irene, Vol. II, MacMillan & Co., 1889
Надворешни врски
Категорија:Византиски цареви од 7 век Категорија:Византиски цареви од 8 век Категорија:Византиски адмирали Категорија:Починати во 706 година Категорија:Дваесетгодишна анархија Категорија:Погубени со обезглавување