мини|Омејадскиот Калифат околу 740 Омејадска династија (арапски: بنو أمية), позната и како умајадска династија — втора од четирите исламски калифати кои биле основани по смртта на пророкот Мухамед. Нејзиното име потекнува од Умајад ибн Абд Шамс, кој бил прадедо на првиот умајадски калиф. Иако првично семејството живеело односно потекнувало од градот Мека, сепак градот Дамаск бил главен град на нивниот калифат. Во текот на нивното постоење, нивната империја станала десетта најголема империја на сите времиња по моќ и територија. Нивната династија била уништена од страна на Абасидската династија кои се преселиле кон Ал Анадулз и каде го основале Кордопскиот калифат.

Калифите опстојувале од времето на Мухамед сè до 1924 година, и истите биле контролирани од страна на различни династии, вклучувајќи ги Праведниот Калифат по Мухамед, Умајадскиот со седиште во Дамаск и Кордоба, Абасидскиот калифат со седиште во Багдад, Фатимидите со седиште во Каиро и Османлиите со седиште во денешен Истанбул.

Список на Омејадски владетели Омејадски КалифатКалифВладеелМуавија I28 јули 661 – 27 април 680Јазид I ибн Муавија27 април 680 – 11 ноември 683Муавија II ибн Јазид11 ноември 683– јуни 684Марван I ибн ал-Хакамјуни 684– 12 април 685Абд ал-Малик ибн Марван12 април 685 – 8 октомври 705Ал-Валид I ибн Абд ал-Малик8 октомври 705 – 23 февруари 715Сулејман ибн Абд ал-Малик23 февруари 715 – 22 септември 717Умар II ибн Абд ал-Азиз22 септември 717 – 4 февруари 720Јазид II ибн Абд ал-Малик4 февруари 720 – 26 јануари 724Хишам ибн Абд ал-Малик26 јануари 724 – 6 февруари 743Ал-Валид II ибн Јазид6 февруари 743 – 17 април 744Јазид III ибн ал-Валид17 април 744 – 4 октомври 744Ибрахим ибн ал-Валид4 октомври 744 – 4 декември 744Марван II ибн Мухамед4 декември 744 – 25 јануари 750Династијата завршила со соборувањето на Омејадскиот Калифат од страна на Абасидите.

Наводи

Категорија:Арапски династии Категорија:Муслимански династии * Категорија:Историја на исламот