Националниот парк Ракиура (англ. Rakiura National Park) е природен резерват на Стјуартовиот Остров/Ракиура во Нов Зеланд. Овој е најновиот од 14-те национални паркови во Нов Зеланд, отворен на 9 март 2002 г. Зафаќа површина од 1.570 км2, околу 85% од Стјуартовиот Остров, кој е трет остров по големина во земјата. Во паркот не спаѓа населената област околу Полумесечениот Залив (т.е. гратчето Обан) и некои патишта, како и приватна маорска земја повнатре на копното.Создаден национален парк на Стјуартовиот Остров - „Новозеландски Хералд“, недела, 10 март 2002 Паркот се состои од мрежа од поранешни природни резервати, пејзажни резервати и општествени шуми.
Природознание Во паркот има популарна планинарска патека наречена Ракиура Трек. Во него живеат најразновидни локални птици, а паркот нуди најдобра можност во земјата за посматрање на птицата киви во дивина. Ова делумно се должи на ограничениот број на невестулки и ласица. Во извесни крајбрежни предели во паркот се размножуваат загрозените жолтооки пингвини.C. Michael Hogan. 2009
Поврзано Национални паркови во Нов Зеланд
Наводи C. Michael Hogan. 2009. „Жолтоок пингвин: Megadypes antipodes“, GlobalTwitcher.com, уредн. Н. Стромберг
Белешки
Надворешни врски Информации за националниот парк Ракиура - Служба за заштита на природата на Нов Зеланд thumb|290px|Плажа близу Порт Вилијам Хат на Северното крајбрежје.
Ракиура Категорија:Стјуартов Остров Категорија:Саутленд