Росен Асенов Плевнелиев (р. ) — бугарски стопанственик и политичар од македонско потекло. Во периодот 22 јануари 2012 до 22 јануари 2017 е бил претседател на Бугарија. Во периодот 1990-2009 развива успешна кариера во областа на градежното стопанство во Германија и Бугарија, а од 2009 до 2011 е министер за регионален развоj во владата на Бојко Борисов. Влегува во владата како непартиски експерт, не е член на владејачката партија ГЕРБ.Плевнелиев: За разлика от Първанов аз съм независим, www.mediapool.bg, 21.10.2011. На 30 октомври 2011 е избран за претседател на Бугарија.Росен Плевнелиев победник на преседателските избори во Бугарија, 24vesti.com.mk, 31-10-2011.

Животопис Росен Плевнелиев е роден на 14 мај 1964 година во градот Неврокоп (Гоце Делчев), Бугарија. Неговото семејство потекнува од селото Плевна во Егејска Македонија, денес Петруса. За време на Балканските војни неговите предци го продале нивниот имот и побарале засолниште во Бугарија.Росен Плевнелиев в „Нека говорят с Росен Петров”, бТВ, 06.11.2011. Своето средно образование го добил во природно-математичката гимназија "Академик Сергеј Павлович Корољов" во Благоевград од 1978 до 1982 година. Во периодот 1984-1989 година го завршил ВМЕИ "В. И. Ленин" во Софија (денес Технички универзитет), со специјалност „сметачи“.Биографиjа на страницата на Министерството за регионален развоj на Република Бугариjа.

Деловна кариера Во 1990 година, Плевнелиев ја основал Ирис Интернешанал, првата бугарска градежна фирма, која го добила сертификатот ISO 9001. Помеѓу 1991 и 1998 година, тој работел во Германија како ко-сопственик на градежна фирма, која работела како подизведувач за Линднер. Во 1998 година станал основач и раководител на бугарските градежни претпријатија кои се дел од групата Линднер Бугарија. Плевнелиев бил раководител на „Бизнис Парк Софија“Историја на „Бизнис Парк Софија“ , www.businesspark-sofia.com, 31-10-2011. , кој бил изграден под негова надлежност во софиската населба Младост 4, како и член на Одборот на директори на Конфедерацијата на работодавци и индустријалци во Бугарија.Who Is Who: Bulgaria's President-Elect Rosen Plevneliev , novinite.com, 30-10-2011.

Политичка кариера На 27 јули 2009 бил назначен за министер за регионален развој. Под негово раководство во државата започнала изградба на речиси 200 километри нови автопатишта.€3 млрд. даваме за магистрали до 2020-та, news.ibox.bg, 29.03.2011, 31-10-2011. Со неговата активност во 2010-2011 година, Плевнелиев станал најпопуларен министер во бугарската влада.Who Is Who: Bulgaria's President-Elect Rosen Plevneliev , novinite.com, 31-10-2011. На 4 септември 2011 година, Плевнелиев бил прогласен како официјален кандидат на ГЕРБ за претседателските избори во Бугарија, закажани за октомври. На 30 октомври 2011 победил на изборите и бил избран за претседател на Република Бугарија.Centre Right Wins Bulgarian Presidency, novinite.com, 31-10-2011.

Во октомври 2013 година избувнал голем скандал поврзан со Плевнелиев, кога бугарската телевизија ТВ7 објавила документи според кои, во 2007 година, Плевнелиев купил луксузна куќа на грчкиот полуостров Халкидик, во вредност од 700 000 евра. Притоа, тој ја платил куќата во готово, со што ги прекршил бугарските закони кои бараат, за секое изнесување пари во странство во износ над 10 000 лева, да се докаже потеклото и платениот данок. Истовремено, Николај Бареков, претседател на "Бугарија без цензура", објавил и документи со кои Плевнелиев се обвинува за криминал поврзан со трансакциите на неговата поранешна фирма „Линднер Ирис“. Притоа, ТВ7 објавила и дополнителни документи, тврдејќи дека и неговата сопруга Јулија била замешана во шемите со офшор-команиите."Плевнелиев има палата на Халкидики од 700.000 евра", Дневник, број 5292, година XVII, четврток, 17 октомври 2013, стр. 1-3.Искра Коровешоска, "Сегашната и поранешната сопруга на Плевнелиев 'вредно' работеле со него", Дневник, број 5293, година XVII, петок, 18 октомври 2013, стр. 3.

Однос кон македонското прашање Запрашан кон крајот на својот мандат, зошто иако има македонски корени, тој ниту еднаш не ја има посетено Македонија, Плевнелиев ги посочува фалсификувањето на историјата и политиката кон Бугарија на соседната земја. Според него македонизмот е идеологија која е не само антибугарска, таа е и антидемократска, манипулација на историјата, која создава тензии меѓу идните генерации.“Не посетих Македония заради антибългарската политика“, разкри президентът. Mediapool.bg. 21 јануари 2017 г.

Семејство Во 1990 година се оженил за својата прва жена Вероника, со која подоцна се развеле. Со втората сопруга, Јулија, имаат три момчиња.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Бугарски политичари Категорија:Бугарски министри Плевнелиев, Росен Категорија:Претседатели на Бугарија Категорија:Луѓе од Неврокоп Категорија:Носители на Големиот крст од посебна класа на Орденот за заслуги за СР Германија