мини|десно|200п|Необработен аквамарин Аквамарин (латински: aqua marinā, морска вода) — транспарентен полускапоцен камен, кој е еден од вариететите на берилот. Има сина или тиркизна боја и личи на бојата на морето. Бојата може да му варира, така што жолтиот берил се нарекува хелидор, розовиот морганит, а белиот гошенит.
Најголемиот аквамарин е пронајден во 1910 г. во Марамбаја во Минас Жераис во Бразил. Тежел 110 кг, долг 48,5 cm и со пречник од 42 cm.
Скапоцените камења и нивното влијание на човекот мини|десно|200п|Обетки од аквамарин, бисер и син жад Скапоцените камења можат да влијаат на состојбата на човечкиот ум и тело. Ако се носат на телото или во близина на телото моќта на камењата влијаат на лечење или ублажување на психичките и физичките проблеми. Сината боја на аквамаринот го поттикнува чувството на верност и постојаност и е поттик за длабоки размислувања. Симболизира надеж, здравје, младешка виталност и вредност. Римските морепловци верувале дека аквамаринот носи среќа на море и ја спречува морската болест.
Скапоцените камења и хороскопските знаци
Се смета дека за секој хороскопски знак постои скапоцен камен кој му одговара. Така аквамаринот е камен кој се препорачува за следниве хороскопски знаци: бик, близнаци, скорпија, водолија и риби.
Наводи
Надворешни врски perlenoire.mk
Категорија:Полускапоцени камења Категорија:Скапоцени камења
en:Beryl#Aquamarine and maxixe simple:Aquamarine (color)