right|thumb|Март, од молитвеникот на војводата од бери, 15 век Март или цутар — третиот месец во годината според грегоријанскиот календар и еден од седумте месеци според овој календар што имаат 31 ден. Според црковното сметање на циклусите март е шести месец по ред.
Потекло на поимот мини|десно|Мартинка Во Стариот Рим март бил нарекуван Martius, по името на римскиот бог на војната Марс. Всушност, овој месец се сметал за особено благопријатен за воени дејствија. Во Стара Грција, март бил познат како Anthesterion.
Вечерта меѓу 20-от и 21-от ден од март започнува пролетта и овој ден се обележува како пролетна рамноденица, бидејќи на тој ден ноќта и денот се еднакви, односно се со иста должина.
Празници во март 8 март - Меѓународен ден на жената
Март како тема во уметноста и во популарната култура „Март“ — краток расказ на македонската писателка Марија Ангеловска.Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 347. „Мартовско невреме“ — песна на рускиот поет Сергеј Главјук.Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 243-244. „Еден убав мартовски ден“ (италијански: Una bella giornata di март) — расказ на италијанскиот писател Итало Калвино.Italo Kalvino, Pre nego što kažeš „halo“. Beograd: Rad, 2001, стр. 54-57. „Градината во март“ — песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.Федерико Гарсија Лорка, Песме. Рад, Београд, 1970, стр. 117. „Како месецот март добил триесет и еден ден“ — расказ на македонскиот писател Ванчо Николески.Ванчо Николески, Приказни од моето село. Култура, Скопје, 1964, стр. 13-15. „Март“ — песна на македонскиот поет Живко Николовски.Живко Николовски, Низа ситно нанижана. Скопје: Детска радост, 1985, стр. 20. „Март во градот“ — првиот дел на романот на Димитар Солев, „Кратката пролет на Моно Самоников“ од 1964 година.Димитар Солев, Кратката пролет на Моно Самоников. Скопје: Култура, 1964. „Мартовска младина“ — песна на унгарскиот поет Шандор Петефи.Šandor Petefi, Sloboda i ljubav. Beograd: Rad, 1969, стр. 73-74. „Март 86“ (англиски: March 86) — песна на британската рок-група Касандра комплекс (The Cassandra Complex) од 1986 година.DISCOGS, The Cassandra Complex – Grenade (пристапено на 16.8.2021)
Наводи
Категорија:Месеци