{| align=right

Филип IV бил крал на Шпанија во периодот од 1621 до 1665 година и крал на Португалија од 1621 до 1640 година. Престолот го наследил од татко му Филип III од Шпанија кога имал само 16 години, и исто како татко му немал ниту способност ниту некаква поголема желба за државност. Долговите на државата сè повеќе се зголемувале додека кралското семејство живеело во раскош на сметка на народот кој тонел во сиромаштија. Некогашната најмоќна династија започнала да се распаѓа од внатрешни и надворешни фактори. Во текот на неговото владеење водел војна со Холандија по која морал да ја признае нејзината независност во 1648 година. Војната со Франција исто така завршила со пораз и големи последици на Шпанија.

Следувале поголем број на востанија организирани од незадоволниот народ. Каталонците и Португалците во 1640 година дигнале востание преку кое Луј XIII бил прогласен за крал на Каталонија, а Жоао IV на Португалија. Од Шпанија успеала да се одели само Португалија.

Категорија:Родени во 1605 година Категорија:Починати во 1665 година Категорија:Луѓе од Ваљадолид Категорија:Шпански монарси Категорија:Кралство Сицилија Категорија:Португалски монарси Категорија:Филипска династија Категорија:Принцови од Астурија Категорија:Војводи од Гелдерн Категорија:Војводи од Лотир Категорија:Војводи од Луксембург Категорија:Војводи на Милано Категорија:Грофови на Фландрија Категорија:Грофови од Ено Категорија:Римокатолички монарси Категорија:Витези на Сантјаго Категорија:Витези на Златното Руно Категорија:Европски монарси од 17 век