Македонит — минерал кој името го добил по Македонија. За првпат е откриен во пегматитско-хидротермалните жици што се јавуваат во серијата на сиенитите кај селото Алинци, Прилепско. Македонитот по состав е PbTiO3, кристализира четириаголно и обично се јавува во кристални облици што се комбинација на призми. Има црна боја со кафеава нијанса и стаклеста сјајност. Во пегматитско-хидротермалните жици кај Алинци македонитот се јавува заедно со амазонитот, кварцот, титанитот, рутилот, анатасот и монацитот.проф. д-р Блажо Боев: „Македонска Енциклопедија“, Македонит, Рударско-геолошки факултет, Штип, стр. 844, МАНУ, Скопје, 2009.

Наводи

Надворешни врски Macedonite - сите особини на минералот

Категорија:Минерали на оловото Категорија:Минерали на титанот Категорија:Претворачи Категорија:Физика на кондензираната материја Категорија:Геологија на Македонија