thumb|Танчарка на ракс шарки, Кристанти Сахар Шарф, Хајделберг.
Стомачен танц (арапски: رقص شرقي) е западен термин за традиционалниот арапски танц познат како ракс шарки (رقص شرقي; буквално „ориентален танц“) или како ракс балади (رقص بلدي; буквално „танц на земјата“, или „фолклорен“ танц). Некогаш во Соединетите држави се нарекува и „Танц од Блискиот Исток“.<ref>Danse du Ventre is a colonial term given to women's dances of North Africa and the Middle East; Carlton, Donna. Looking For Little Egypt. Bloomington Indiana: IDD Books (1994): ix.</ref>
Карактеристичен за Северна Африка, Азија и Блискиот Исток, а сега популарен ширум светот, стомачниот танц има различни регионални форми, и во костимите и при начинот на танцување, што е доказ дека посебни потези во танцот можеби се пренесени во овие региони и се вклопени во локалниот начин на танцување. „Вистинското потекло“ не е јасно, но можеби е Египет или Индија.
Општо Денес постојат две форми на ориенталниот стомачен танц: ракс балади, друштвен танц кој го изведуваат и мажи и жени од сите возрасти за забава, најчесто на славења, како свадби или други собори. Втората форма, потеатрална и денес попопуларна на запад, е наречена ракс шарки. Како и ракс балади, и ракс шарки ја изведуваат и машки и женски танчери. Во регионите за кои е карактеристичен стомачниот танц, го учат девојчињата и момчињата на мала возраст неформално, набљудувајќи ги и имитирајќи ги постарите за време на семејни или друштвени слави и собири. На Запад, стомачниот танц се учи на часови по танцување под туторство на професионални инструктори. . Во Соединетите Држави исто така се развиваат нови форми на стомачен танц наречени Американски племенски стил (АПС), кој претставува групна импровизација составена од фламенко и држење (самото фламенко потекнува од ромскиот танц, еден од можните начини на кој стомачниот танц се распространи), и „мешање на племиња“. Подоцна АПС се комбинира со ориентален стомачен танц и чекори од хип-хопот и тоа е пример за комбинирање на стомачен танц со стилови на локалните танци кога тој навлегува во нова култура. Историски, повеќето танци сродни на стомачниот танц се изведувале со поделба по полови; мажи со мажи и жени со жени. Постојат неколку описи на мешано танцување. Примената покажала дека „добра“ жена не смее никој да ја гледа кога танцува, освен нејзиниот сопруг, блиското семејство, или пријателките. Денес, половата поделба не се применува строго во повеќе населени места, и понекогаш мажи и жени играат заедно со блиски пријатели. Некои дури предложуваат да се забранат изведбите.
Наспроти ова, стомачниот танц во Соединетите Држави, Европа, Јужна Америка, Русија, и многу други места каде што е популарен и голем дел од изведбите се во ресторани, на свадби, или на сцена пред мешовита публика како форма на театарско шоу. Разликата во степенот на општа прифатеност се одразува и на костимите и на начинот на танцување. Во Египет, на танчарите не им е дозволено да го откриваат стомакот и да танцуваат со колената или колковите на подот, наспроти тоа на други места костимите откриваат повеќе и „танцот на под“ се смета за посакуван елемент од изведбата.
Потеклo thumb|Уметнички приказ на стомачен танц As with any dance of folkloric origin, the roots of belly dance are uncertain.
Потеклото на овој начин на танцување најчесто го истражувале. Денес Египет се смета за срцето на стомачниот танц. Како и да е, се тврди дека потекнува од свештеничките во храмовите во Индија, и го ширеле ромите и други групи со потекло од јужен Пакистан, како што патувале преку Азија во Европа и Африка. Исто така може да е пренесен со трговијата со робови во Персија од Узбекистан, или преку Александар Велики.
Најдени се описи на танчарите од пред-исламскиот и исламскиот свет. Во книги како „Уметност и архитектура во Исламот 650-1250“ се прикажани слики од танчари на ѕидовите на палатите, како персиските минијатурни слики од 12 и 13 век. Постои можност стомачниот танц да го ширеле ромите, или други групи, или да го носеле како што патувале, или го присвоиле некаде по пат, па го ширеле. Благодарејќи на мешавината од ромскиот начин на танцување со ракс шарки на Запад, овие теории се популарни на Запад.
Костими Оваа верзија, пред фолклорната и социјалната, е најпопуларна, бидејќи највидливо место за стомачен танц се ноќните клубови (како и видео и ДВД снимките на популарните египетски танчари). Костимот за овој танц се нарекува на египетски арапски бедлех (значи „костим“), и беше прифатен од египетските танчари во 1930-тите, ширејќи се во земјите во регионот. Неговата творба повеќе се должи на харемската фантазија на водвиљ, бурлески, и Холивуд во последниот век, отколку на автентичниот фустан од Блискиот Исток. Либанката Бадија Масабни, наречена кума на ориенталниот танц, пејачка, глумица, сопственичка на ноќен клуб во Каиро, е заштитничка на овие костими, бидејќи за туристите тие биле поинтересни одошто традиционалните ќафтани - кои најчесто ги покриваат линиите на телото, со марама или појас врзани на колковите за да се истакнат движењата. Изведувачите сѐ уште го користат кафтанот да ги покријат костимите кога не се на сцена. Еден од најголемите придонеси што го направи Бадија за ориенталниот танц беше што го издигна над традициите на чааби или традиционалното танцување. Кога стомачната танчарка имаче ограничен репертоар на движење на рацете, таа доби идеја не само да ги држи по страните, туку да ги крева високо над главата, и повеќе да се служи со нежни гестови, подоцна познати како змиски раце. Идеите на Бадија Масабни не влијаеја на танчарите само при движењето на рацете и користењето на превезот. Влијаеја и на тоа танчарите да користат повеќе простор кога се на сцена. Скоро секогаш изведуваат гавази и алмех.
Од 1950г. во Египет е нелегално стомачните танчари да изведуваат со откриен стомак. Костимите за Ракс Шарки обично се долги, фустан во еден дел или дводелен костим (украсен горен дел за градите и здолниште). Во секој случај, костимите се уметнички и елегантни, од богати ткаенини украсени со мониста, скапоцени камења, и светкави реси. Навезените појаси најчесто се директно зашиени на здолништата. Во соодветност со облеката има додатоци, како ѓердани, бразлетни за раце и нозе, обетки, и делови за глава. Ракс шарки има гламурозен и женствен изглед. Либанските костими за стомачен танц најчесто се елегантни, за во ноќен клуб, типични дводелни костими за стомачен танц – украсен градник и соодветен појас (најчесто навезен) врз здолништето. Здолништата се тенки и / или се направени од помалку материјал од Египетските костими, и повеќе го откриваат телото на танчарот. Либанските костими, направени од богати ткаенини и накит, се многу гламурозни, секси, кокетни и елегантни. Превезот се користи повеќе и е во согласност со костимот. За разлика од египетските танчарки, либанските смеат да го откриваат стомакот во јавни изведби и така и прават. Уникатно кај либанскиот танц е што танчарките често носат високи потпетици кога играат.
Турските костими, особено во 1970-тите и 1980-тите, ги биеше лош глас заради нивната затегнатост и секси изглед. Костимите најчесто се составени од типично украсен градник и здолниште за стомачен танц со појас. Но, здолништата често се направени од помалку материјал одошто американските или египетските, и се многу кратки, повеќе го откриваат телото на танчарот. Невезените појаси се вообичаени. Има и додатоци кои се соодветни, како ѓердани, бразлетни за раце и нозе, обетки, и делови за глава. Тенките материјали се користат најчесто за здолништата и костимите често имаат исечоци на ремените и градникот. Типично, турскиот костим за стомачен танц е секси, разигран и кокетен.
Американскиот стил за костими за стомачен танц е гламурозен и луксузен (Холивуд и моден дизајн). Класичните американски стомачни танчари најчесто носат дводелни костими, со украсен градник, елек, или блуза со здолниште и / или „харемски“ панталони стегнати на колковите (најчесто, но не секогаш, со непокриен стомак). Најчесто користени материјали се свила, сатен, шифон, и светликави материјали со токи, мониста, или циркони.
Костимите во бедлах стил се составени од соодветен горен дел или градник (обично со реси од мониста или парички), соодветен ремен за колковите (повторно со реси од мониста или парички), и здолниште/а (прави, слоевити, заоблени, или украсени). На Запад „превезот“ – 3-3.5м. материјал – може да се користи и за нагласување на извртените движења со рацете за време на целиот танц или на делови од танцот. Египетските танчари го користат превезот за воведниот дел, за првите неколку минути од нивната рутина. Во Египет, Америка и Европа танчарите носат целосно навезени фустани за фолклорните и балади танцовите. Но, општо, костимите се разликуваат заедно со различните стилови на танцување. Најчесто стомачниот танц се поврзува со кабаре–костими. Кабаре-костимот се состои од ремен на колковите, градник, здолниште и/или „харемски“ панталони, и еден или повеќе превези. По желба носат украсни марами за раце, белегзии, украси за глава, ѓердани, марами, превези за лице, накит и обувки. Шминката обично е клучен дел од костимот. Коланот за стомачен танц вообичаено е околу колковите на танчарката, со што се ослободува половината за да изведува кружни движења со стомакот. Коланот може да биде со прави, заоблени или шилести рабови и мора да има камења, паринки, реси за да се истакнат движењата на колковите. Градникот на танчарката најчесто се согласува со коланот во деталите и не наликува на долна облека. Класичните харемски панталони се широки и собрани на зглобовите, но не секогаш. „Кабаре“ панталоните обично се носат под здолништата, затоа што често при вратењето премногу се откриваат нозете. Здолништата најчесто се округли со различен дизајн и широки. Класичниот превез најчесто претставува околу три метри проѕирен, лесен материјал, често навезен на рабовите. Често телото се црта со к‘на за да се зголеми мистичноста на танчарката. К‘ната обично се нанесува на дланките и стапалата. Кога по неколку часа ќе се отстрани, остава црвено-кафени флеки на кожата. Помошните средства се користат за да го привлечат вниманието на публиката и да му дадат разновидност на настапот. Традиционално, танчарите се и пејачи, забавувачи и музичари. По традиција носат со себе ударни инструменти. Сепак денес само исклучиво надарени танчари користат чинели, останатиот поголем дел е придружуван од музичари кои свират за нив. Некои танчари користат стапчиња и трски при настапот. Танцување со разлеан превез дава елеганција на изведбата. Некои пак користат меч, што го прави танцот моќен и драматичен.Светлината од свеќите, која може да танцува со танчарите, дава драма и таинственост на изведбата. Некои користат дајре. Ова помошно средтсво е популарно за стилот на танцување на циганските групи.
Техники Основните чекори и техники во стомачниот танц се засноваат на кружни движења на одреден дел од телото. На пример, кружното движење на колковите паралелно со подот се нарекува „колковен круг“, или на градниот кош - „граден круг“.
Ракс Шарки Стомачниот танц Ракс Шарки се состои од движења кои се изведуваат со телото. Фокус на танцот се карлицата и колковите. Всушност, тоа е импровизиран танцкој целосно соодветсвува со ритамот на музиката.
Танцувачите на Ракс Шарки ги предаваат емоциите предизвикани од текстот и ритамот на музиката. Соодветно, музиката е соодветна со танцотНајдобри танчари на Ракс Шарки се оние кои најдобро можат да ги пренесат своите емоции преку танцот, дури и танцот да се содржи од прости движења. Целта на танчарите е визуелно да ги пренесат емоциите и ритамот на музиката на публиката. Од арапски преведено Ракс Шарки значи „танцот на Ориентот“ или „Ориенталниот танц“. Погрешно е да се каже стомачен танц бидејќи се танцува со сите делови на телото, а најбитен дел се колковите.
Многумина за Ракс Шарки велат дека е танц на жената, со кој се слави сензуалноста и моќта на природната жена.