Добра Вода — висока венечна планина во Македонија што се издига помеѓу долината на Мала Река од исток и Кичевската Котлина од запад. На север започнува од Дупен Камен (1.857 м), со којшто е одделена од Сува Гора, а на југ се протега до долината на реката Треска. Централното било има динарски правец на протегање северозапад - југоисток. Се дели на два дела: северен (познат и под името Челоица) со највисок врв Добра Вода (2.062 м) и јужен (познат како Песјак) со врвовите Кула (1.917 м) и Коњарник (1.874 м). Зафаќа вкупна површина од 396 км2. Неотектонските движења овде се особено манифестирани, така што од сите страни е ограничена со раседи. Планинското било се протега во должина од 25 км. Највисокиот дел е под пасишта, а планинските страни се под дабова и букова шума.

Туризам На планината постои планинарски дом наречен „Железна Река“.

Поврзано Осој Сува Гора Песјак

Наводи

Галерија

Надворешни врски

Планинарска страница за Добра вода, Комисија за планинарски патеки при ФПСМ

Категорија:Планини во Македонија Категорија:Општина Македонски Брод Категорија:Општина Гостивар Категорија:Општина Кичево