Петар Здравев (Тетово, - Белград, 1966) бил професор на Медицинскиот факултет во Скопје (Катедра за оториноларингологија).

Животопис

Ран живот и образование Петар Здравев е роден на 25 јуни 1893 г. во Тетово, во трговско семејство, како второ од 4 машки деца, од мајка Коца и татко Здраве Здравеви. Основно образование завршил во Тетово, а средна тригодишна учителска школа во Скопје. Матурски испит положил во Скопје во 1910 г. и потоа запишал медицински студии на Универзитетот во Женева.

Дејноста во македонското движење во Швајцарија Во есента 1915 година со група други македонски студенти во Женева се организирале и основале Академско друштво „Македонија“ со цел да го запознава јавното мислење со положбата на македонскиот народ и да го актуелизира решавањето на македонското прашање. Љубен Лапе, Активноста на Главниот одбор на македонските друштва во Швајцарија 1918–1919, „Гласник„ на ИНИ, 1, 1965 Здравев бил член на Иницијативниот одбор за обединување на македонските друштва (1918), а по создавањето Сојуз на македонските друштва во Швајцарија бил избран за потпретседател на Генералниот совет. Учествувал во акциите за придобивање на европското јавно мислење и на владите на големите сили-победнички за разрешување на македонското прашање на Мировната конференција, со примена на правото за самоопределување и за создавање самостојна македонска држава.Михајло Миноски, Федеративната идеја во македонската политичка мисла, Скопје, 1985

Дипломирал во 1917 г. и продолжил со работа и специјализација на Клиниката за уво, нос и грло во Женева. Специјалистичкиот испит го положил во 1919 г. Следната година се вратил во Македонија и работел во старата Воена болница „Полумесечина“ во Скопје и во Земската (Државна) болница во Скопје.

Професорска дејност лево|мини|Првите лекари на Клиниката за уво, нос и грло во Скопје, 1953 год. (од лево) Отон Главаш, Александар Хаџи-Бошков, Александар Соколов, Петар Здравев, Александар Андреевски и Глигор Бојаџиев Во 1947 бил избран меѓу првите 19 наставници на новоформираниот Медицински факултет во Скопје и станува основоположник на Клиниката за оториноларингологија и шеф на Катедрата сè до неговото пензионирање во 1957 година. По пензионирањето, во 1957 г., се преселил да живее во Загреб.

Проф. д-р Петар Здравев починал во Белград на 2.7.1966 г., на возраст од 73 години.

Наводи

Категорија:Луѓе од Тетово Категорија:Починати во Скопје Категорија:Македонски лекари Категорија:Македонски оториноларинголози Категорија:Починати во 1966 година