Шаховски турнир во Нанѓинг, познат и како „Бисерна пролет“ — шаховски турнир кој се одржува еднаш годишно во Нанѓинг, НР Кина. На турнирот учествуваат 6 супер велемајстори, при што секој од нив игра по две партии со секој останат противник, па турнирот добива карактер на Берегровуиот систем. Првиот турнир се одржа во декември 2008, на кој победи Веселин Топалов. Место на одржување на турнирот е хотелот Бисерна пролет во Нанѓинг.
Според Силвио Данаилов, менаџерот и тренер на Топалов, овој турнир „со сигурност ќе биде еден од Гренд слем турнирите“, зборови кои се остварија во 2009.Топалов победи повторно (и Бу исто така!) на мрежното место на Chess&VibesШагховскиот турнир во нљанџинг стана Гренд-слем Chessdom
Организација
Турнирот е организиран од страна на општината на градот Нанѓинг, административниот центар Шах и карти, народната влада на округот Пуку и управата за спорт во Нанѓинг.
Спонзори на турнирот се фармацевтската компанија Џангзу Канион, дневниот весник Јангџи и Манделовиот меѓународниот универзитет за претприемништво.
Наградниот фонд на турнирот изнесува 250.000 €, од кои победникот добива 80.000 €.
Организацијата на турнирот е поддржана од страна на ФИДЕ, Европската шаховска федерација и Азиската шаховска федерација.
Турнири 2008 Првиот турнир се одржа од 10 до 22 декември 2008, а на отворањето присуствуваа познати шаховски официјални работници, како претседателот на ФИДЕ Кирсан Иљумжинов, претседателот на Европската шаховска федерација Борис Кутин, претседателот на Азиската шаховска федерација Шеих Султан, генералнот секретар на ФИДЕ Лиан Џиронг, но и канадскиот екоомист и добитник на Нобеловата награда за економија Роберт Мандел. На турнирот учествуваа шест шахисти: Веселин Топалов, Василиј Иванчук, Левон Аронјан, Сергеј Мовсесјан, Петар Свидлер и Бу Сјанџи. Со Ело рејтинг од 2751,6 бода, турнирот беше од највисока, 21. категорија и беше најсилниот турнир кој некогаш се одиграл во НР Кина. Победник на турнирот, а со тоа и прв победник во историјата на турнирот беше Веселин Топалов.
{|class="wikitable" style="text-align: center;" ! Место !! Учесник !! 1 !! 2 !! 3 !! 4 !! 5 !! 6 !! Бодови |- | 1 || align=left | 20п Веселин Топалов || * * || ½ 1 || ½ ½ || 1 1 || ½ 1 || ½ ½ || 7.0 |- | 2 || align=left | 20п Левон Аронјан || ½ 0 || * * || ½ ½ || ½ ½ || 1 1 || ½ ½ || 5.5 |- | 3 || align=left | 20п Бу Сјанџи || ½ ½ || ½ ½ || * * || ½ 0 || ½ 0 || 1 1 || 5.0 |- | 4 || align=left | 20п Петар Свидлер || 0 0 || ½ ½ || ½ 1 || * * || ½ ½ || 0 1 || 4.5 |- align=center | 5 || align=left | 20п Василиј Иванчук || ½ 0 || 0 0 || ½ 1 || ½ ½ || * * || ½ ½ || 4.0 |- align=center | 6 || align=left | 20п Сергеј Мовсесјан || ½ ½ || ½ ½ || 0 0 || 1 0 || ½ ½ || * * || 4.0
2009 Во 2009, турнирот се одржа од 27 септември до 9 октомври. Учествуваа шест супер велемајстори: Веселин Топалов, Магнус Карлсен, Дмитри Јаковенко, Тејмур Раџабов, Петар Леко и Ванг Јуе. Турнирот беше со Ело рејтинг од 2761 бод, повторно од 21. категорија и беше вклучен во Гренд-слем шаховските турнири за сезоната 2009-2010. На турнирот доминираше младиот норвешки велемајстор Магнус Карлсен, кој оствари резултат 8/10, со оценет рејтинг од 3002 бода, највисок во историјата на шаховските турнири.Магнус, „Црвениот змеј доминира“ во Нанѓинг.
{|class="wikitable" style="text-align: center;" ! Место !! Учесник !! Рејтинг !! 1 !! 2 !! 3 !! 4 !! 5 !! 6 !! Бодови !! С/Б критериум !! Оценет рејтинг |- | 1 || align=left | 20п Магнус Карлсен || 2772 || * * || 1 ½ || ½ 1 || 1 ½ || 1 ½ || 1 1 ||8.0|| ||3002 |- | 2 || align=left | 20п Веселин Топалов || 2813 || 0 ½ || * * || ½ ½ || ½ ½ || ½ 1 || ½ 1 ||5.5|| ||2789 |- | 3 || align=left | 20п Ванг Јуе || 2736 || ½ 0 || ½ ½ || * * || ½ ½ || ½ ½ || ½ ½ ||4.5|| ||2735 |- | 4 || align=left | 20п Тејмур Раџабов || 2757 || 0 ½ || ½ ½ || ½ ½ || * * || ½ ½ || ½ 0 ||4.0||20.00||2695 |- | 5 || align=left | 20п Петар Леко || 2762 || 0 ½ || ½ 0 || ½ ½ || ½ ½ || * * || ½ ½ ||4.0||19.25||2694 |- | 6 || align=left | 20п Дмитри Јаковенко || 2742 || 0 0 || ½ 0 || ½ ½ || ½ 1 || ½ ½ || * * ||4.0||17.25||2698
2010 На турнирот во 2010, кој се одржа од 18 до 30 октомври, учествуваа победникот од претходното издание, Магнус Карлсен, светскиот првак, Вишванатан Ананд, како и Веселин Топалов, Вугар Гашимов, Ванг Јуе и Етјен Бакро. На турнирот, победи Карлсен со бод повеќе од Ананд, со што ја одбрани титулата освоена претходната година.Carlsen wins Pearl Spring 2010 , Chessvibes, 29 октомври 2010
{|class="wikitable" style="text-align: center;" ! Место !! Учесник !! Рејтинг !! 1 !! 2 !! 3 !! 4 !! 5 !! 6 !! Бодови !! С/Б критериум !! Оценет рејтинг |- | 1 || align=left | 20п Магнус Карлсен || 2826 || * * || ½ ½ || 1 ½ || 1 1 || ½ ½ || 1 ½ ||7.0|| || |- | 2 || align=left | 20п Вишванатан Ананд || 2800 || ½ ½ || * * || 0 1 || 1 ½ || ½ ½ || ½ 1 ||6.0|| || |- | 3 || align=left | 20п Етјен Бакро || 2719 || 0 ½ || 1 0 || * * || ½ 0 || 1 ½ || 1 ½ ||5.0|| || |- | 4 || align=left | 20п Веселин Топалов || 2803 || 0 ½ || ½ ½ || ½ ½ || * * || ½ ½ || ½ 0 ||4.5||20.00|| |- | 5 || align=left | 20п Вугар Гашимов || 2716 || ½ ½ || ½ ½ || 0 ½ || ½ ½ || * * || ½ ½ ||4.5||19.25|| |- | 6 || align=left | 20п Банг Јуе || 2732 || 0 ½ || ½ 0 || 0 ½ || ½ 0 || ½ ½ || * * ||3.0||17.25||
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место Извештај за турнирот во 2008 на мрежното место на ChessBase Извештај за 2009 на мрежното место на ChessBase Фотографии од турнирот
Нанѓинг Категорија:Шахот во 2008 година Категорија:Нанѓинг