Џеладин Мурати (албански: Xhelladin Murati) (Џепчиште, Тетовско, ― македонски педагог, универзитетски професор и поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија. По народност е Албанец.
Животопис Мурати е роден во тетовското село Џепчиште на 15 февруари 1942 година. Завршил Учителска школа во Скопје, педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје во 1969 година, а магистерски студии на Филозофскиот факултет во Белград во 1978 година. Со докторат на педагошки науки, тој се стекнал на Универзитетот во Приштина во 1984 година. Работел како учител и бил директор на Заводот за унапредување на предучилишното и основното воспитание и образование во Тетово. Бил и професор на Педагошката академија во Скопје. За редовен професор на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, бил избран во 1999 година, по предметите Општа педагогија и Методологија на педагошките истражувања. Бил пратеник во Собранието на Република Македонија, а ја вршел и функцијата потпретседател и член на Советот за безбедност.
Библиографија Автор е на околу 150 стручни и научни трудови со разновидна педагошка тематика, меѓу кои и на учебниците: „Општа педагогија“ и „Методологија на педагошките истражувања“ (1998), на албански јазик. Проблеми на педагогијата, 1992; Прилози за образованието, наставата и училиштето, 1996; Аспекти на системот на образованието во Македонија, 1997 (на албански јазик) и др.
Наводи
Надворешни врски Биографија
Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Џепчиште Категорија:Македонски педагози Категорија:Македонски Албанци Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски педагози Категорија:Југословенски Албанци Категорија:Пратенички состав 1994-1998 Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Магистри на Белградскиот универзитет Категорија:Доктори на Приштинскиот универзитет