Дарко Соколов (роден на во Кочани) — македонски кошаркар и поранешен репрезентативец, кој настапува за Еуро Никел 2005 во Првата кошаркарска лига на Македонија.

Клупска кариера Младинска кариера Младинската кариера ја започнал во младинската школа на Кочани Деликатес, каде играл од 1995 до 1999 година. Во 1999 година, бил избран за кадет на годината. Потоа се префрлил во школата на Балкан Стил. Професионална кариера Својата професионална кариера ја започнал во 2001 година во Балкан Стил каде играл две сезони. Во првата половина од сезоната 2003/2004 играл во КК Центар од Скопје, додека во втората половина настапувал во Поло Трејд од Струмица. За сезоната 2004/05, потпишал за Вардар 2000. Во август 2005 година, Соколов бил на проба во Ефес Пилсен од Истанбул, но се вратил во Македонија и ја одиграл целата сезона во Вардар. Во сезоната 2006/07, Дарко Соколов ја започнал својата меѓународна кариера, потпишувајќи за КК Босна од Сараево. Како играч на Босна одиграл 4 АБА натпревари и настапувал во нивниот дрес до октомври. Следен клуб му бил АМАК СП во Првата македонска лига 2006/07. Со АМАП СП, во натпревар со три продолженија против Вардар Осигурување, Соколов постигнал 45 бода. Негов рекорд на еден натпревар. Во охридскиот клуб не останал долго бидејќи во почетокот на јануари 2007 година, Дарко се преселил во украински Химик Јужни, каде стигнале до полуфиналето на тамошното првенство. За сезоната 2007/08, се вратил во Струмица 2005 и играл една сезона односно сè до распадот на клубот.Соколов се пресели во Струмица vecer.mk 14 јуни 2007 Во 2008 година, потпишал за Фени Индустри каде играл сè до почетокот на Суперлигата,ФЕНИ ИНДУСТРИ ГИ СТОПИ „МЕТАЛЦИТЕ“ utrinski.mk 23 октомври 2008 за потоа префрлајќи се во МЗТ Аеродром.МЗТ СЕ НАДМИНА ВО ТРИЛЕР-МАЈСТОРКАТА ПРОТИВ АМАК СП utrinski.mk 1 мај 2009 Во 2009 година, потпишал за Работнички, но поради финансиската криза што го тресела клубот,Мираковски и Чековски во Левски, Соколов во Рилски С.? novamakedonija.com.mk 13 октомври 2009 во втората полусезона го засилил Фени Индустри,Соколов се врати во Фени Индустри novamakedonija.com.mk 26 декември 2009 притоа освојувајќи го Првенството и Купот таа сезона. Исто така, со Фени го освоил Првенството и Балканската лига во 2011 година.Фени Индустри победник на Балканската кошаркарска лига sitel.com.mk 17 април 2011 Во Фени играл сè до сезоната 2012/13 и повторно заиграл за Работнички од сезоната 2013/2014 кога истата сезона со клубот станал вицепрвак во Лигата.Соколов ново имe во Работнички derbi.mk 20 август 2013 Во 2015 година, со Работнички го освоил Купот на Македонија.Витрините во „Градски парк“ повторно се полнат ekipa.mk 22 февруари 2015Центарска журка во Аеродром: Работнички доминантно до деветтиот пехар во Купот на Македонија! sportmedia.mk 22 февруари 2015 Со истата екипа, тој стигнал до полуфиналето во Првенството 2014/2015.Работнички на колена, Куманово е во финалето! ekipa.mk 24 мај 2015Центарци „изгореа“: Куманово го „згази“ Работнички и се избори за втора шанса за прва титула! sportmedia.mk 24 мај 2015 Соколов во август 2015 година по истекот на договорот го напуштил Работнички и потпишал за Карпош Соколи.Репрезентативно засилување: Дарко Соколов една сезона во јатото на „соколите"! sportmedia.mk 1 август 2015Соколов е нов играч на Карпош Соколи sport365.mk 1 август 2015 Дарко Соколов потпиша за Карпош соколи ekipa.mk 1 август 2015 Во јуни 2016 година, Соколов потпишал нов договор со Карпош Соколи.Карпош Соколи започна да се екипира: Нови договори за Соколов и тренерот Матиќ ekipa.mk 20 јуни 2016 Со Карпош Соколи, Соколов го освоил Купот на Македонија 2017. Поради финансиската криза во Карпош Соколи, Соколов во ноември го напуштил клубот и се преселил во МЗТ Аеродром. За сезоната 2018/19, Соколов ја продолжил соработката со МЗТ. Таа сезона, Соколов го освоил македонското првенство. Во септември 2019, во пресрет на сезоната 2019/20, Соколов по третпат потпишал за Еуро Никел 2005 (бивш Фени Индустри). За сезоната 2020/21, во средината на јули 2020 година, тој потпишал едносезонски договор со кој ја продолжил соработката со Еуро Никел 2005.

Репрезентативна кариера Соколов има учествувано на Европското Првенство под 20 години - Б Дивизија 2006 во Лисабон каде со репрезентацијата го освоил среброто. Учествувал на Евробаскетот 2009 во Полска, освојувајќи го деветтото место со репрезентацијата. Во Литванија за време на Евробаскетот 2011, со репрезентацијата биле сензација на турнирот кога со освоиле четвртото место. На Евробаскетот 2013 го освоиле 21. место. Квалификациите за Евробаскетот 2015 започнале со помладена репрезентација во која учествувал и Соколов,Македонија вечерва против Белгија на стартот од квалификациите за ЕП vistina.mk 10 август 2014 воедно обезбедувајќи пласман за континенталното првенство.Џикиќ: Момците можат повеќе, а не го знаат тоа derbi.mk 27 август 2014Македонска кошаркарска репрезентација обезбеди пласман на Евробаскет 2015! supersport.com.mk 27 август 2014 За време на завршниот турнир 2015 во Загреб - Хрватска, Соколов одиграл три напревари и постигнал два бода (0,7 по натпревар).Accumulated Stats eurobasket2015.org Соколов не бил повикан за подготвителните и квалификациските натпревари за Евробаскетот 2017.Раца го „скокна“ Соколов, но и Американците sportmedia.mk 18 јули 2016 Соколов бил вклучен во претквалификациите за Евробаскетот 2021.

Успеси

Титули Струмица 2005 Суперкуп на Македонија (1) : 2007

Еуроникел 2005 Прва македонска лига (2) : 2009/10, 2010/11 Куп на Македонија (1) : 2010 Балканска лига (1) : 2010/11

Работнички Куп на Македонија (1) : 2015

Карпош Соколи Куп на Македонија (1) : 2017

МЗТ Аеродром Прва македонска лига (1) : 2018/19 Куп на Македонија (1) : 2018

Признанија Најдобар млад кошаркар за 2005 година Најдобар млад кошаркар за 2006 година Особен придонес во сезоната 2010/11 Eurobasket.com - Најкорисен играч на сезоната 2010/11 во БИБЛ Eurobasket.com - Бек на сезоната 2010/11 во БИБЛ Eurobasket.com - Европски играч на сезоната 2010/11 во БИБЛ Eurobasket.com - Втора најдобра петорка на сезоната 2013/14 Eurobasket.com - Најдобра домашна петорка на сезоната 2013/14 Eurobasket.com - Трета најдобра петорка на сезоната 2014/15 Eurobasket.com - Најдобра домашна петорка на сезоната 2014/15 Eurobasket.com - Особен придонес во сезоната 2014/15 Особен придонес во сезоната 2017/18

Надворешни врски Профил на Дарко Соколов на eurobasket.com Профил на Дарко Соколов на Dynamicsglobal.es

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Кошаркари од Кочани Категорија:Кошаркари на КК Работнички Категорија:Кошаркари на КК МЗТ Скопје Категорија:Кошаркари на КК Струмица 2005 Категорија:Кошаркари на КК Тиквеш Категорија:Кошаркари на КК Карпош Соколи Категорија:Кошаркари на КК Вардар Категорија:Кошаркари на КК Балкан Стил Категорија:Кошаркари на КК АМАК СП