Проф. д-р Петар Стеванов Тофовиќ (Тетово, - Скопје, ) — македонски неврохирург и поранешен редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје. Го основал Неврохируршкото одделение и на неврохирургија во Македонија (1959). Негова сопруга била една од најголемите оперски певици во Македонија, Ана Липша-Тофовиќ.

Животопис Тофовиќ е роден во Тетово на 3 февруари 1920 година. Се занимавал со невротраума и ја создал неврохируршката школа. Бил директор на Неврохируршката клиника од 1959 до 1984 година. Бил член на Европската асоцијација за неврохирургија. Бил и поранешен претседател на Македонското лекарско друштво.

Библиографија Објавил над 80 научно-стручни трудови и две книги од областа на неврохирургијата. Вовед во современа неврохирургија, Скопје, 1984; Современа неврохирургија, Скопје, 1988.

Наводи

Категорија:Луѓе од Тетово Категорија:Починати во Скопје Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски лекари Категорија:Македонски неврохирурзи