Поголемиот дел од полските граѓани, односно околу 86.9% од вкупниот број на населението, припаѓаат на Римокатоличката црква (Римокатолици - 86.7%).Główny Urząd Statystyczny:Rocznik statystyczny Rzeczypospolitej Polskiej 2012, Zakład Wydawnictw Statystycznych, Warszawa: 2012 /(польск.) Во оваа бројка се вклучени и христијаните унијати од Украина и Ерменија. Полска е една од најрелигиозните држави во Европа.

Поради Холокаустот и Втората светска војна, Полска стана скоро хомогена католичка држава. Католицизмот има важна улога во животите на голем број Полјаци и Римокатоличката црква во Полска ужива огромен углед и има големо влијание врз секојдневниот живот на Полјаците."Encyclopedia Britannica-Religion in Poland". Притиснати од запад од претежно протестантската Германија и од исток од православната Русија, за Полјаците националното спознание е тесно поврзано со Римокатоличката црква. Полска и Ирска претставуваат единствените две земји во светот каде Римокатоличката црква е директно поврзана со националното самобитие на народите.

Освен римокатоличката, во земјата се застапени и други религиозни организации, а како втора најголема е православието (504.150), Јеховини сведоци (129.270) и разни протестанти (околу 140.000).

Според анкетата спроведена од страна на Евробарометар во 2005,

80% од полските граѓани одговориле дека „веруваат во Бог односно дека тој постои“. 15% одговориле дека „веруваат во некоја друга натприродна сила“. 3% одговориле дека „не веруваат ниту во Бог ниту во некоја друга сила“. 2% одговориле дека „не знаат“.

Слободата на религиозната определба е загарантирана со Уставот на Полска од 1989 година.

Наводи