200px|right|thumb|Устав на ВТРО од 1923 г., кој што има за цел: "Да добие политичка независност на Тракиja до реката Струма". Внатрешната тракиска револуционерна организациjа (ВТРО) била револуционерна организација основана во 1920 година со помошта на ВМРО и дејствувала до 1934 година. Тане Николов, бивш воjвода од Внатрешната македоно-одринска револуционерна организациjа станал водач на ВТРО. Целите на организацијата биле добивање независност за Западна Тракија од Марица до реката Струма,Според тоа тие ги вклучувале источните делови на Македонија. преку револуционерна борба. Бастионот на ВТРО бил во Хасково, каде биле и неjзните бази. Тие постепено го распуштале четничкиот институт, а во Западна Тракиja и Источна Македонија биле испраќани главно терористи. Се вршеле атентати на грчки офицери и администрација. Деветнаесеттомајскиот воен преврат во Бугарија во 1934 резултирал со распуштање на ВTРО, особено поради нејзините терористички кампањи и гантстерска власт која ја имале воспоставено во Хасковскиот, Смољанскиот и Крџалискиот регион.

Поврзано Внатрешна добруџанска револуционерна организација Внатрешна западно-крајска револуционерна организација

Извори Филчев, Иван Георгиев. Тракийският въпрос и тракийското движение в България. Акад. изд. Проф. Марин Дринов, 2007. (бг)

Белешки

Категорија:Бугарски револуционерни организации Категорија:Отоманска Тракија