Неџбедин Беадини (алб.: Nexhbedin Beadini, Камењане, Тетовско ) — македонски биолог и универзитетски професор.

Животопис Беадини е роден на 28 јануари 1964 година во тетовското село Камењане. Дипломирал биологија на Универзитетот во Приштина во 1990 и докторирал на Универзитетот во Загреб во 1996 година. Тој е еден од основачите и ректор на Тетовскиот државен универзитет. Подоцна, тој бил разрешен од функцијата.

Има објавено поголем број научни и стручни трудови од областа на биологијата, цитологијата, молекуларната физиологија и хистологијата. Во 2008 година, тој добил кривична пријава за злоупотреба на државни пари во вредност од милион и 400 илјади евра.

Рефренци

Категорија:Македонски Албанци Категорија:Македонски биолози Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Луѓе од Камењане