мини|десно|300п|Македонско знаме.мини|десно|300п|Македонско дело. ВМРО (Обединета) — македонска револуционерна организација, формирана врз основа на принципите на Мајскиот манифест на ВМРО, под влијание на Балканската комунистичка федерација и со поддршка на Коминтерната и македонските комунисти. Нејзе и се приклучиле членовите на Илинденската организација, на бившата Серска група , на бившиот Емигрантски комунистички сојуз, бившата Македонска федеративна организација и други прогресивни групи.

При нејзиното основање бил избран Централен комитет со седиште во Виена. Нејзин орган бил в. Македонско дело. Имала цел да прерасне во масовно народно движење за извојување слободна и независна Македонија во рамките на нејзините географски и економски граници и нејзино конституирање во самостојна политичка единица, што ќе влезе како рамноправен член на идната Балканска федерација.

Нејзини најистакнати дејци биле: Панко Брашнаров, Димитар Влахов, Симеон Кавракиров, Владимир Поп Tомов, Андреја Чипов, Методија Шаторов-Шарло и др.

За трите дела на Македонија биле создадени одделни обласни комитети на чело со секретар. Обласниот комитет во Пиринскиот дел на Македонија го раководел Симеон Кавракиров. Подоцна седиштето на ЦК на ВМРО(Об) било пренесено во Берлин (1928), при што уште повеќе се влошиле врските на раководството со татковината. Наскоро настанала голема партиска провала во Велес, Куманово, Скопје и Штип (1928-1929), при што биле уапсени 113 нејзини членови, меѓу кои и членот на ЦК Панко Брашнаров, а по испраќањето на робија на дел од осудените, во наредната година престанала дејноста на Организацијата во Вардарскиот дел на Македонија.

Незадоволни од прокомунистичката ориентација на раководството, една група членови: Михаил Герџиков, Георги Занков, Павел Шатев и др., безуспешно се обиделе да се издвојат во одделна организација (Цариград, 1929). Постигнатото помирување со тие незадоволници останало само привидно.

Добивајќи речиси наполно комунистички карактер (1933/1934), истите членови се среќавале и во ВМРО(Об) и во БКП/КПГ/КПЈ. Кога настанала наредната голема партиска провала во Пиринскиот дел на Македонија (1935/1936), на суд во Горна Џумаја (ден. Благоевград), Неврокоп, Софија и Разлог биле изведени околу 60 нејзини членови и наскоро потоа престанала нејзината организирана илегална дејност и во Пиринскиот, а во Егејскиот дел угаснала нејзината дејност во времето на Метаксасова диктатура (1936 - 1941).

ВМРО(Об) имала еволутивен став во однос на македонското национално прашање. Од првичните ставови за етничкиот состав на населението на Македонија како шаренило на народи (Бугари, Грци, Срби итн.), подоцна станале доминантни ставовите дека Македонците се посебен народ (нација) и со посебен јазик. Предисторија мини|десно|300п|Македонија по Букурешкиот договор од 1913 година. На 29 април 1924 година во Виена претставниците на ВМРО, Петар Чаулев и Димитар Влахов, на СССР и Коминтерната Соломон Голдштајн (Черски), на БКП Никола Харлаков и Филип Атанасов од Македонската федеративна организација ја потпишале Платформна декларација за обединувањето на македонското револуционерно движење Платформна декларација за обединувањето на македонското револуционерно движење.

На 30 април ЦК на ВМРО и ЦК на МФО го потпишуваат и Протокол за обединување на македонското револуционерно движење. Во него, меѓу другото, се изјавува дека:

Потпишаните, ја изјавуваме својата длабока убеденост дека успехот на ослободителната револуционерна борба во Македонија при денешната балканска и меѓународна политичка положба, е можен само кога таа борба ќе биде положена врз следните основи: 1. Ослободување и обединување на распарчените делови на Македонија во една наполно независна и самостојна политичка единица, во нејзините природни етнографски и географски граници... Кога таа борба, доколку нејзиниот успех зависи од меѓународната политичка положба, смета и се опира исклучително врз револуционерните и прогресивни движења во Европа, на чело со комунистичкото и врз сестраната поткрепа на СССР, кој единствен денеска се бори за ослободување на потиснатите народи, за нивното вистинско самоопределување и федерирање и кој мема никакви завојувачки цели на Балканот...

ЦК на ВМРО решава да ги објави, преку манифест, принципите на обединување и помирување. На 6 мај 1924 година е потпишан мајскиот манифест во кој било истакнато: мини|десно|250п|Мајски манифест Ниедна од владите на балканските држави не мисли за ослободувањето и обединувањето па раскинатите делови на Македонија; ниедна од нив не мисли и не дејствува за самоопределувањето на македонскиот народ во самостојна политичка единица; ниедна од нив не сака на поробените Македонци да им ги даде правата предвидени во договорите кои им го осигуруваат културниот развиток како национални малцинства. Поради тоа, ВМРО е принудена да изјави дека политиката на сите сегашни балкански влади е непријателска за слободното и самостојно палитичко постоење на Македонија и дека таа најрешително и со сите средстаа на револуционерната борба ќе се бори против нивната завојувачка политика спрема Македонија и македонскиот народ...

На 5 јуни, станува јасно дека Тодор Александров, кој е подложен на силен притисок, се подготвува да се откаже од потписот манифестот. Тоа довело до тежок конфликт во Централниот комитет на ВМРО, Чаулев и Влахов се држеле до документот, а генерал Протогеров бил со нејасна позиција. По објавувањето на манифестот од Влахов во Виена, Протогеров, кој е генерал и член на Воената лига му се заканува со физичка ликвидација. Александров и Протогеров на 1 август 1924 година ги повлекле своите потписи.

При оваа состојба, група дејци на чело со Алеко Василев и Георги Атанасов, организираат заговор против Тодор Александров. Убиството на Александров и Горноџумајските случувања го разделиле македонското ослободителното движење. Новиот раководител на организацијата, Иван Михајлов наметнува единственo централистичко управување и ги прекинува односите со левицата. Тој ги организирал убиствата на Петар Чаулев и Тодор Паница.

За да се спаси, Влахов останува во Западна Европа. Врз основа на принципите на мајскиот манифест, во октомври 1925 година во Виена, Димитар Влахов, кој веќе е исклучен од ВМРО, заедно со други дејци на левото крило, го организира формирањето на ВМРО (Обединета), врз основа на мајската платформа.

Основање Основачка конференција мини|150п|лево|Димитар ВлаховОд 1 до 11 октомври 1925 година во Виена се одржала Основачката конференција на ВМРО (Обединета). На конференцијата присуствувале: Ризо Ризов претставник на Иницијативниот одбор на Вардарска Македонија, Георги Занков претставник на Илинденската организација, Христо Јанков претставник на македонскиот народ од Егејска Македонија, на македонската емиграција во Бугарија и Турција, Димитар Влахов претставник на левицата на ВМРО Иван Катарџиев, По врвците на македонската историја, Култура, Скопје, 1986, Владимир Поп Томов претставник на македонскиот народ од Пиринска Македонија. За претседател на конференцијата бил избран Димитар Влахов.

Конференцијата го имала следниот дневен ред: 1) Реферат за положбата во внатрешноста на Македонија и емиграцијата, подносител Георги Занков 2) Реферат за меѓународната положба на Македонија, подносител Димитар Влахов 3) Реферат за идните задачи на организацијата и за нејзиното организациско изградување, подносител Георги Занков 4) Реферат за односите спрема другите организации, групи и лица во македонското движење, подносител Димитар Влахов 5) Избор на Централниот комитет на ВМРО (Об), прифаќање на резолуции, декларации и потпишување на записниците.

Конференцијата работела 11 дена. На 9 октомври бил избран Централен комитет. Во него влегле: Димитар Влахов, Георги Занков, Христо Јанков, Димитар Аранудов. Едно место било оставено за претставникот на групите од Вардарска Македонија, кое подоцна го пополнил Панко Брашнаров. Биле избрани и тројца кандидати за членови на ЦК: Владимир Поп Томов, Ризо Ризов и Павел Шатев.

На крајот од својата работа Конференцијата ги добила следниве акти: Декларација на Внатрешната македонска револуционерна организација (Обединета), Внатрешната македонска револуционерна организација (Обединета) за положбата во Македонија, Резолуција за блиските задачи и организациското изградување на ВМРО (Об). Во прифатените документи од основачката конференција се инсистирало на тоа дека: thumb|десно|150п|Панко Брашнаровмини|150п|лево|Павел Шатев принципите на новата револуционерна борба прокламирана со Манифестот се основата за обединување на македонскиот народ. Врз основа на тие принципи денес се обединува македонското револуционерно движење. А обединувањето на македонското револуционерно движење во едниствена револуционерна организација пред сè означува крај на борбата помеѓу различните македонски организации и групи, дека тоа не е само свршен акт во обединувањето на македонското револуционерно движење туки и свршен дело изградувањето на единствениот македoнски револуционерен фронт.

Конференцијата прогласила дека надвор од новата организација друга македонска организација во македонското ослободителното движење не постои. Основачите на новоформираната организација кон старото име ВМРО ја придодале и придавката Обединета со што сакале да нагласат дека процесот на обединување на патриотските сили е завршен и дека се она што е надвор од организацијата е деградирано и нема никакво право да биде претставник на македонскиот народ и неговата борба за слобода. На тој начин била направена динстикција помеѓу новоформираната организација и ВМРО на Ванчо Михајлов и Протогеров.

Програма

Целите на ВМРО (Обединета) биле: мини|десно|250п|Прв број на Македонско дело 1) Да се развие засилена пропаганда и агитација меѓу македонскиот народ, без разлика на националностите што го сочинуваат, за неговот орагнизирање за револуционерна борба, чијашто цел е ослободување и обединување на Македонија во едно полтичко цело, независна македонска република, и нејзино федерирање со други слободни национални републики - за изградување на Балканска федерација. 2) Да ја продолжи досегашната борба и да ја усогласува со борбите на сите националности и политички организации и партии на Балканот што го прифаќаат принципот за самоопределување на балканските народи и нивното федерирање во Балканската Федеративна Република. 3) Да се разобличува престапната политика на сите балкански влади и да води решителна борба против нивната завојувачка и делбеничка политика, какои против колонизаторската, асимилаторска и денационализаторска политика на Грција и Србија. 4) Да ја разобличува суштината на политиката на европските империјалистички држави во однос на Балканот и специјално на Македонија. 5) Да се разоткриваат и да води непоштедна борба против предавниците Македонци што му се ставиле во услуга на бугарскиот, српскиот и грчкиот империјализам. 6) Да ја зсили својата пропаганда и агитација во туѓина меѓу работните маси и прогресивното општетсвено мислење, како и сред македонската и балканската емиграција за независна Македонија и Балканска федерација.

Програмат на Обединета се потпирала врз основите на Мајскиот манифест, ослободување и обединување на Македонија, нејзино федерирање со другите балкански држави, борба против теророт, соработка со револуционерните движења на Балканот, разобличување на завојувачката политика на балканските држави и слично.