Арбен Џафери (; во Тетово – во ) — македонски политичар и новинар.
Животопис
Џафери е роден во Тетово на 24 јануари 1948 година. Завршил Филозофски факултет. До 1990 година работел за радио и телевизиските станици во Приштина, Косово како главен уредник на Културната програма.
Бил претседател на Партијата за демократски просперитет (ПДП) во Македонија од 18 април 1995 година, а потоа водач на Демократската партија на Албанците (ДПА) до 2007 година.
На вторите парламентарни избори во Македонија бил избран како независен пратеник (1994), а потоа како пратеник на ДПА. Познат е по своите контроверзни и радикални изјави за државното уредување и правата на Албанците во Македонија.Ќе го повлечам потписот од Рамковниот. Дневник, 12 април 2010.
Во 2001 година бил потписник на Охридскиот рамковен договор.
Од здравствени причини, во 2007 година се повлекол од активната политика. По претрпен мозочен удар, Џафери починал на 15 август 2012 година во Скопје.
Наводи
Категорија:Македонски Албанци Категорија:Политичари од Тетово Категорија:Пратенички состав 1994-1998 Категорија:Пратенички состав 2006-2008 Категорија:Пратенички состав 2008-2011 Категорија:Политичари од ДПА Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет