Фаик Абди (ромски: Faik Abdi; Скопје, — ) — македонски стопанственик и политички деец.

Животопис Завршил средно образование, апотоа работел како советник во секторот за економика и план во Фабриката за хартија „Комуна“ во Скопје. Бил одборник во Собранието на Скопје и пратеник во Собранието на СРМ од 1969 до 1974 и на Република Македонија во 2 мандата од 1990 до 1998 година. Повеќе години бил претседател на КУД „Пралипе“ во Скопје и на Партијата за целосна еманципација на Ромите во Македонија (ПЦЕРМ). Абди бил и учесник и на првиот ромски конгрес кој се одржал во Лондон во 1971 година. Починал на 2 октомври 2016 година.

Наводи

Категорија:Политичари од Скопје Категорија:Македонски Роми Категорија:Родени во 1937 година Категорија:Починати во 2016 година Категорија:Пратенички состав 1991-1994 Категорија:Пратенички состав 1994-1998