Акупунктура е постапка на вметнување и манипулирање на игли во различни точки од телото за ослободување од болка или за терапевтски цели. Различни видови на акупунктура се практикуваат и учат низ целиот свет.

Од доцниот 20 век акупунктурата е предмет на активни научни истражувања како во поглед на нејзината основа така и за терапевтската делотворност, но сепак останува контроверзна меѓу лекарите и медицинските истражувања. Истражувањето за акупунктурни точки и меридијани е прелиминарно и не ги опишува нивното постоење и нивните својства.Клиниќките проценки на третманите со акупунктура,поради нивната освојувачка и природа на лесно пронаоѓање, ги отежнуваат работите за користење соодветна научни контроли за плацебо ефекти .

Постојат докази кои ја поддржуваат употребата на акупунктурата за контролирање на некои видови гадење и болка но доказот за третманот на други состојби не е сигурен и според неколку статии кои ја разгледуваат делотворноста на акупунктурата можно е да се објасни преку плацебо ефектот .

Светската Здравствена Организација и Националниот Институт за Здравство на САД(НИЗ)изјавиле дека акупунктурата може да биде ефикасна во третманите за невролошките состојби и болки, но овие изјави се критикувани за пристрасност и потпирање врз студии кои користат сиромашна методологија. Изваштаи од Националниот Центар за Комплементарна и Алтернативна Медицина на САД (НЦКАМ),Американската Медицинска Асоцијација и други владини известувачи на САД ја изучувале и коментирале ефикасноста (или според тоа и недостатоците)на акупунктурата.Постои општа согласност дека акупунктурата не е опасна кога е изведувана од страна на добро обучени лекари кои користат стерилизирани игли,и дека е потребно понатамошно истражување.

Историја Древни времиња

Почетоците на акупунктурата во Кина се несигурни. Едно објаснување е дека некои војници ранети со стрели во битка биле излечени од хронични болки кои инаку не се лекуваат,и постојат варијации за ова идеја. Во Кина, примената на акупунктурата можеби може да се проследи уште од Каменото Доба,со Биан Ши,или изострени камења.Во 1963 година биан камен е пронајден во Дуолун, Монголија,Кина со што се туркаат почетоците на акупунктурата во Неолитот.Пронајдени се хиероглифи и пиктографи кои датираат од (1600-1100 п.н.е)според кои акупунктурата била применувана со моксибустија(традиционална Кинеска медицинска терапија).

И покрај подобрувањата во металургијата со вековите, дури во 2от век п.н.е за време на династијата каменот и коската биле заменети со метал. Најраните записи за акупунктурата се во „Записи на историчарот“ (Шеѓи) од Сема Ќен () каде се наведуваат понатамошни медицински текстови кои се несигурни, но може да се протолкуваат како објаснување за акупунктурата.Најраниот Кинески медицински текст за опишување на акупунктурата е Хуангди Неј Џинг, легендарната класика за интерна медицина на Жолтиот Император(Историја на Акупунктурата)која е создадена околу 305-204 п.н.е.

Хуангди Неј Џинг не прави разлика меѓу акупунктурата и моксибустијата и ги дава истите укажувања и за двата третмани.Текстот Мавангди,кој исто така датира од II век п.н.е (инаку настанал и пред Шији и пред Хуангди Неј Џинг), ја споменува употребата на поостри камења за отворање на апсцеси и моксибустија но не акупунктура. Сепак, до крајот на II век п.н.е,акупунктурата ја заменила моксибустијата како основен третман на системска состојба.

Во Европа, со прегледувањето на 5000 годишното мимифицирано тело на Ледениот човек Отзи биле откриени 15 групи на тетоважи на неговото тело, од кои неколку се наоѓале на места кои денес се гледаат како современи акупунктурни точки. Ова било наведено како доказ дека можеби практики слични на акупунктурата биле применувани во Евроазија за време на бронзеното доба.

Среден век

Акупунктурата се прошири од Кина до Кореја, Јапонија и Виетнам и насекаде во Источна Азија.

Околу деведесет дела за акупунктура беа напишани во Кина меѓу династиите Хан и , и во 1023 година Императорот Рензонг од Сонг, наредил да се изработи бронзена статуетка која ќе ги отсликува меридијаните и акупунктурните точки кои тогаш се користеле.Меѓутоа, по завршувањето на династијата Сунг, акупунктурата и лекарите кои ја практикувале започнаа да се гледаат како техничка а не научна професија. Тоа стана уште поретко во наредните векови, со замената со лековите и поистоветувањето со помалку престижните примени на шаманизам, акушерство и моксибустија.

Португалски мисионери во 16 век беа меѓу првите кои донесоа извештаи за акупунктурата на Западот.Џејкоб де Бондт, Дански хирург кој патувал во Азија ја опишал нејзината примената во Јапонија и во Јава. Меѓутоа,во Кина оваа пракса се поврзува со пониските класи и неписмените лекари.

Првиот Европски текст за акупунктура е напишан од Вилем тен Ријне, холандски лекар кој две години студирал пракса во Јапонија. Текстот се состоел од есеј со1683 медицински текстови за артритис.И Европејците во тоа време се повеќе се интересирале за моксибустија, за која тен Ријне исто така пишувал.Во 1757 година физичарот Ксу Дакун го опиша понатамошното опаѓање на акупунктурата, велејќи дека е изгубена уметност, со неколку експерти кои обучуваат. Нејзиното опаѓање делумно им е припишано на популарноста на рецептите и лековите, како и на нејзиното поврзување со пониските класи.

Во 1822,еден едикт од Кинескиот Император ја забрани примената и учењето на акупунктурата во рамките на Империската Академија за Медицина, како непогодна за примена од страна на господа-научници.Во тој период,на акупунктурата сè уште се гледаше и со скептицизам и со пофалби,со малку учење и со само мала количина експериментирања.

Модерна доба

Во првите години по кинеската граѓанска војна, водачите на кинеската Комунистичка партија ја исмевале традиционалната кинеска медицина, вклучувајќи ја акупунктурата, како суеверена, нерационална и неразвиена, тврдејќи дека не се совпаѓа со посветеноста на Партијата на науката како начин на напредок.Комунистичката партија на претседателот Мао Це Тунг подоцна ја разгледа оваа позиција, велејќи дека „Кинеската медицина и фармација се голема ризница и треба да се направат поголеми напори за да се развијат и да се кренат на повисоко ниво.“

Акупунктурата во САД се здоби со големо внимание кога Претседателот Ричард Никсон во 1972 година ја посети Кина.За време на еден дел од посетата, на делегацијата им беше покажан пациент врз кој се вршеа сериозни операции додека тој беше целосно буден, наводно под дејство на акупунктура наместо анестезија.Подоцна беше откриено дека пациентите одбрани за операцијата имаат висока толеранција на болка и примиле високи индоктринации пред операцијата.Во овие случаи исто така често им се дава морфиум тајно треку интровенозна инфузија за која на набљудувачите им било кажано дека содржи само течности и хранливи материи.

Најголемото изложување на Западот се случи кога известувачот на Њујорк Тајмс Џејмс Рестон, кој го придружувал Никсон за време на неговата посета, примил акупунктура во Кина за постоперативна болка откако му е извршена итна апендектомија(операција на слепото црево) под стандардна анестезија. Рестон бил толку импресиониран со ослободувањето од болка што тој го искусил од процедурата што по враќањето во САД пишува за акупунктурата во Њујорк Тајмс. Во 1973 година Внатрешната Служба за Приходи дозволува акупунктурата да се одзема од медицинските трошоци.

Во 2006 година, во еден документарец за Алтернативна Медицина во ББС бил сниман пациент за време на операција на отворено срце наводно под акупунктура-поттикната анестезија.Подоцна беше откриено дека на пациентот му бил даден коктел од слаби анестетици кои комбинирани имаат многу помоќен ефект. Програмата исто така е критикувана поради нејзиното нереално толкување на резултатите од експериментот за скенирање на мозокот.

Акупунктурната анестезија за операција излегла од употреба кај научно обучените хирурзи во Кина.Делегација на Комитетот за Научни Истражувања за Барање на Паранормалното во 1995 изјави: Нам не ни беше покажана акупунктурната анестезија за операција, најверојатно затоа излезе од употреба кај научно обучените хирурзи.На пример, Д-р. Хан нагласи дека тој и неговите колеги на акупунктурата гледаат како аналгетик (намалител на болка, а не анестетик (агенс кој ги блокира сите свесни чувства).

Традиционална теорија

Традиционална кинеска медицина

Традиционалната кинеска медицина (ТКМ) е заснована врз пред-научна парадигма на медицина која се развивала преку неколку илјади години и вклучува концепти кои немаат застапник во современата медицина.Во ТКМ, телото се третира како една целина составена од неколку „функционални системи“ познати како ценг-фу (脏腑).Овие системи се именувани по одредени органи, иако системите и органите не се директно поврзани.

Системите ценг се поврзани со цврстите, јин органи како црниот дроб додека системите фу се поврзани со шупливите јанг органи како што се цревата. Здравјето е објаснето како состојба на баланс помеѓу јин и јанг, со болест припишана на кој било од овие небалансирани, блокирани или неактивни сили.

Силата јанг е нематеријалното ки,концепт кој е грубо преведен како „витална енергија“. Сојузник на јин е Крвта, која е поврзана но не и е идентична со физичката крв, и се пишува со голема буква за да се разликуваат.ТКМ е збир од различни интервенции, вклучувајќи притисок,топлина и акупунктура применети на акупунктурните точки(на Кинески 穴 или ксју со значење “празнини“) за да се модофицира значењето на ценг-фу.

Акупунктурни точки и меридијани

Класичните текстови ги опишуваат повеќето од главните акупунктурни точки како постојани на дванаесетте основни и две од осумте дополнителни меридијани (кои се нарекуваат и маи) за вкупно четиринаесет “канали“ низ кои ки и Крвта течат.И во другите точки кои не се на четиринаесетте канали исто така се вметнуваат игли.Локалната болка се лекува со вметнување игли на нежните “аши“ точки каде се верува дека ки или Крв стагнираат.

Ценг-фу на дванаесетте главни канали се Белите дробови, Дебелото црево, Желудникот ,Слезината,Срцето, Тенкото црево, Бешиката, Бубрегот, Перикардот, Жолчното ќесе, Црниот дроб и неопипливиот Сан Џиао . Другите осум патеки, кои колективно се нарекуваат ки џинг ба маи, ги вклучуваат Луо Садовите, Сувите Канали, рен маи и ду маи иако само во последните две(кои соодветно одговараат на торзото на предниот и задниот дел од стреловиден авионот)се вметнуваат игли.Останатите шест ки џинг ба маи се манипулираат од точки на дванаесетте меридијани во кои се вметнуваат игли.

Нормално ки е опишано дека тече низ сите канали во постојан круг. Покрај тоа, секој канал има посебен аспект и зафаќа два часа од “Кинескиот саат“.

Ценг-фу се поделени на јин и јанг канали,со три точки од секој вид сместени на секој екстремитет.Се верува дека ки се движи во круг низ телото, движејќи се како површински така и длабоко.Надворешните Патеки соодветствуваат со акупунктурните точки прикажани на акупунктурната табела додега длабоките патеки соодветствуваат со местото каде каналот влегува во телесната празнина поврзана со секој орган.

Трите јин канали на раката ( Белите дробови, Преикардумот и Срцето) почнуваат од градниот кош и внатрешната површина од дланката на раката. Трите јанг канали на раката (Дебелото црево,Сан Џиао и Тенкото црево) почнуваат на раката и продолжуваат по надворешната површина од дланката на раката.Трите јин канали на стапалото (Слезината, Црниот дроб и Бубрегот) започнуваат на стапалото и продолжуваат по внатрешната површина на ногата до градниот кош или слабината.

Трите јанг канали на стапалото (Желудникот, Жолчното ќесе, и Мочниот меур) започнуваат на лицето, во пределот на очите,продолжуваат надолу по телото и по надворешната површина на ногата до стапалото. Секој канал е поврзан и со јин и со јанг аспектот, без разлика дали е “апсолутен“ (џу-),“поголем“ (таи-) или “светлина“ (-минг).

Во еден стандарден наставен текст се коментира за природата и врската на меридијаните (или каналите) и органите Ценг Фу: