Васко Наумовски ( во Скопје) — македонски политичар, амбасадор на Македонија во САД во периодот 2014-2018, и вицепремиер за евроинтеграции во периодот 2008–2011.
Животопис Наумовски е роден во 1980 година во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан I“ во Скопје, насока меѓународно право. Магистрирал на Рајнскиот универзитет „Фридрих Вилхелмс“ во Бон, Германија, а магистрирал и на Правниот факултет „Јустинијан I“ во Скопје, на теми од областа на интеграцијата на Република Македонија во ЕУ. Во 2008 година, toj докторирал на Правниот Факултет „Јустинијан I“ во Скопје на тема од областа на влијанието на европските институции и проширувањето на Европската Унија со државите од Западниот Балкан. Во 2005 година, тој почнал да работи на Њујорк Универзитетот во Скопје, на Факултетот за меѓународни односи, политика и европски студии, каде што во 2008 година бил избран во наставно – научното звање доцент по меѓународно право и право на ЕУ.
Автор е на повеќе научни трудови од областа на европските интеграции и меѓународното право. Учествувал на голем број меѓународни научни конференции, а остварил и подолги студиски престои во Европа и Соединетите Држави. Во текот на додипломските и последипломските студии, тој бил добитник на стипендии од германската фондација „Конрад Аденауер“, а бил добитник и на стипендија за студиски престој во САД од страна на Стејт Департментот. Од 10 јули 2009 до 2011 година, тој бил потпретседател за евроинтеграции во седмата Влада на Македонија. Од 2014 до 2018, тој бил амбасадор на Република Македонија во Вашингтон, Соединети Држави. Во јули 2014 година, тој бил именуван за посебен пратеник на претседателот Ѓорге Иванов во разговорите за разликата околу името. Од ноември 2014 година, тој станал амбасадор на Република Македонија во Соединетите Држави. Зборува англиски, а се служи со германскиот јазик. Татко на две деца.
Наводи
Категорија:Политичари од Скопје Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2008 Категорија:Политичари од ВМРО-ДПМНЕ Категорија:Вицепремиери на Македонија Категорија:Амбасадори на Македонија во САД Категорија:Апсолвенти на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје Категорија:Магистри на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје Категорија:Доктори на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје Категорија:Магистри на Рајнскиот универзитет „Фридрих Вилхелмс“