мини|десно|Стариот јавор во Теово, Велешко.

Јавор () — на дрва од то на сапуновите (Sapindaceae). Опфаќа околу 113 видови, препознатливи по своите вкрстени листови, симетрично ослободени со цветови. Расте до височина од 35 метри, а распространет е во Средна, Западна и Јужна Европа, Северна Америка, Кавказ, северниот дел на Мала Азија и на Далечниот Исток.

Видови во Македонија Во Македонија се застапени следниве осум видови: Acer campestre — клен Acer heldreichii — планински јавор Acer hyrcanum — балкански јавор Acer monspessulanum — кленика (маклен) Acer obtusatum — јаворец Acer platanoides — млеч Acer pseudoplatanus — горски јавор Acer tataricum — жестил (жестика)

Градба Крошната му е широко заоблена, а дебелината на стеблото може да достигне и преку 1 метар и обично е кратко и обраснато со црвеникаво-кафеава кора која се лупи плочесто. Листовите се долги 8 - 16 см, широки, одозгоре темнозелени, а одоздола нешто посветли. Цветовите се жолтеникаво-зелени, во кратки висечки метлички. Цвета десет дена по пролистувањето во мај. Котиледоните му се јазичести, одозгора заоблени, одоздола клинести со паралелна надолжна нерватура.

Обично посадените видови се: сикамура, црвен јавор, шеќерен јавор и норвешки јавор кои растат во Северна Америка и Европа. Азиските видови од своите западни роднини се разликуваат по коренот. Некои се мали како џбунови, некои се зимзелени, а некои имаат сосема изобличени листови.

Употреба Јаворот е извор на дрвена граѓа, особено сикамурата. Јаворите се важен извор на полен и нектар за пчелите во текот на рана пролет. Со векови луѓето го собирале слаткиот сок од јавор за изработка на сирупи и шеќери, меѓу кои познатиот јаворов слад. Денес, освен за производство на мебел и подови, јаворот се користи и за производство на музички инструменти. Тоа е едно од најотпорните и најплеменити дрва, а неговата дискретно светла боја дава посебна елеганција и раскош на просторијата каде се наоѓа.

Листот на јаворот е симбол на Канада, и се наоѓа на нејзиното знаме.

Јаворот како тема во уметноста „Јавор цутит, јавор капит“ — македонска народна песна.Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 33. „О, јаворе“ — македонска народна песна.ТЕА Модерна колекција, „Кон традицијата“.Baklava, Kalemar, SJF Records 124, 2008. „Два јавора“ — расказ на македонскиот писател Глигор Поповски.Глигор Поповски, Маслинови гранчиња. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 49-51. „Бреза и јавор“ — песна на македонскиот поет Стојан Тарапуза.Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 71.

Поврзано Чинар

Белешки

Наводи

Надворешни врски Јавор џин шест века го плете животот во Теово

Категорија:Сапунови Категорија:Дрва Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растителни вапсила