Методија Мирков Симоновски (Прилеп, ) — македонски етномузиколог и поет за деца.

Животопис Симоновски е роден во Прилеп на 14 март 1927 година. Како виш стручен соработник на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје работи од 1 декември 1950 до 31 декември 1965. Таму тој мелографирал голем број македонски народни песни и објавил неколку статии за македонскиот музички фолклор, за ориентализмите во тоналната градба во 1959, за рефрените во 1960, за терминологијата во 1961 и за народните верувања во 1962 година. Во 1963 година е добитник на наградата 13 Ноември за достигања од областа на уметноста.

Библиографија Македонски музички фолклор, песни II, Скопје, 1959 (со коредактори); Македонските мелографи од крајот на XIX век, Скопје, 1962 (со коредактор).

Наводи

Категорија:Македонски поети Категорија:Луѓе од Прилеп Категорија:Македонски етномузиколози Категорија:Добитници на наградата „13 Ноември“