Масакрот во Долно Јаболчиште е колеж извршен од бугарската војска и полиција врз албанското население од велешкото село Долно Јаболчиште. Настанот се случил на 24 октомври 1942 година, една недела по масакрот во Богомила. Во масакрот биле убиени единаесет селани.„Велес и Велешко во Народно ослободителната војна 1941-1945: спомен книга на загинатите борци во НОВ и жртви на фашистичкиот терор од Велес и Велешко“, Титов Велес, 1985, 111-129 стр.
Настан
Во потрага по Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“, бугарската војска и полиција на 24 октомври 1942 година во раните утрински часови влегле во селото. Војниците ги извлекувале селаните од куќите и ги собрале сретсело. Од селаните војниците барале да им кажат каде се кријат партизаните и кои се нивни симпатизери и ги обвинувале дека го помагаат партизанскиот одред. При тоа жестоко се пресметале со селаните. Биле тепани и осакатени повеќе лица, а десетина селани, меѓу кои и жени, деца и старци, биле дел искасапени или стрелани, а дел живи фрлени во запалените плевни.„Велешки партизански одред 1942“, Скопје, 1999. И покрај теророт, никој од селаните не ги предал партизаните.
Жртви
Убиени биле следните лица: Расим Јусуфов Абазов (роден 1930 година, 12-годишен) Јусуф Абазов Мамудов (роден 1910 година, 32-годишен) Мионе Џемаилова Абазова (родена 1884 година, 58-годишна) Аџима Абазова Муратова (родена 1890 година, 52-годишна) Абаз Мамудов Муратов (роден 1881 година, 61-годишен) Бејтула Шабанов Мусов (роден 1914 година, 28-годишен) Шукри Фазлиов Елмазов (роден 1900 година, 42-годишен) Деар Џемаилов Исаков (роден 1875 година, 67-годишен) Беџет Џаферов Мустафов (роден 1908 година, 34-годишен) Изет Љатифов Фејзов (роден 1880 година, 62-годишен) Анифе Нафија Ибраимова Кадриова (родена 1884 година, 58-годишна)
Во спомен на масакрот
Во спомен на масакрот во средината на селото се подигнати два споменика на кои се испишани имињата на убиените. Покрај тоа, постои и низа од десет посебни плочи за загинатите во масакрот.
Наводи
Литература „Вардарски глас“, 11 октомври 1979, 7 стр.; 18 април 1982, 14 стр.; 21 октомври 1987, 11 стр. Здравко Савески, Мариглен Демири „Национализмот во(н) контекст“, Скопје, 2014, 72-75 стр. „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 924 стр.
Категорија:Масакри во Македонија Категорија:Масакри врз Албанци Категорија:Долно Јаболчиште Категорија:Масакри во Втората светска војна