За регионот видете Палестина. thumb|Карта на Западниот Брег.thumb|Карта на Појасот Газа.
Палестинските територии сочинуваат два региона (автономни територии) во Блискиот Исток, и тоа: Западен Брег (5.640 км2 копно и 220 км2 вода) Појас Газа (360 км2 )
Овие територии биле под управа на Британскиот мандат Палестина, потоа окупирани од страна на Јордан (Западен Брег) и подоцна од Египет (појас Газа), за на крај, двете територии да бидат окупирани од Израел.
Првпат како суверена држава, Палестина била признаена во 1968 од страна на СССР, а со текот на времето, нејзината државност ја признале вкупно 135 држави. Во ноември 2012 година, Палестина добила статус на држава-набљудувач во Обединетите нации. Во 2014 година, Шведска официјално ја признала државноста на Палестина, а на почетокот на ноември 2014, шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини, изјавила дека во рок од пет години, ЕУ би можела да ја признае Палестина како независна држава.„ЕУ ќе ја признае Палестина?“, Дневник, година XVIII, број 5610, четврток, 6 ноември 2014, стр. 14.
мини|десно|300п|Карта на областите во Палестина. Источен Ерусалим е прикажан како непалестински поради неговото непризнаено припојување кон Израел.
Административна поделба Согласно Договорот од Осло, Палестинските територии Западен Брег и Појас Газа се поделени на три подрачја (Б, Б и В) и 16 области под Палестинска Самоуправа. Од 2007 наваму, две посебни управи полагаат право на власт врз Палестинската Самоуправа - едната на Западниот Брег, а другата во Појасот Газа.
ИмеНаселение(2007) Површина(км2) Густина(жит/км2)Во 2010 г, вкупата густина е зголемена на 681 жит/км2.Западен Брег 3.269.700 5.671 417,86Појас Газа 1.816.539 360 3.934,83Вкупно 5.086.239 6.031 627,80
Западен Брег
ОбластНаселение Површина(км2)Џенин556.212 583Тубас88.771 372Тулкарм 358.213 239Наблус586.380 592Калкилија 100.753 164Салфит79.464 191Рамала и ел-Бира 548.018 844Ерихон 81.724 608Ерусалим(вклуч. Источен Ерусалим припоен од Израел) 462.521 344Витлеем 376.515 644Хеврон 751.129 1.060Вкупно 3.609.700 5.671
Појас Газа
Област Население Површина(км2)Северна Газа 270.245 61Газа 696.410 70Дејр ел-Бала 205.534 56Хан Јунис 370.979 108Рафа 273.371 65Вкупно1.816.539 360
Наводи
Поврзано Палестина Појас Газа Западен Брег Палестинска самоуправа Палестинска ослободителна организација Израел
Категорија:Палестина Категорија:Спорни територии Категорија:Левант
nl:Palestijnse Gebieden wa:Palestene (cåzu-estat)