Горицко или Горенци (, Аграпидиес или Αγραπιδια, Аграпидија; до 1926 г. Γκόρισκο, Гориско) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 120 жители (2011).

Географија Селото е сместено во северниот дел на котлината Сариѓол, 48 км јужно од Лерин и 1 км западно од Ајтос. Лежи во подножјето на ридот Радош од Невешка Планина, разгранок на Вич (Нередска). Сместено е долж главниот пат од Суровичево за Костур.

Историја Во Отоманското Царство Горицко е старо македонско село кое според преданието било обиколено со диви круши (горници). Во XIX век било претворено во чифлик и Македонците почнале постепено да го напуштаат, а на нивно место се населиле Турци. Во селото се гледаат остатоците од старата македонска црква „Св. Харалампиј“. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Горицка (Goritzka) било село кое се состоело од 35 домаќинства со вкупно 85 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 84-85. Во следниот период селото е веќе забележано како турско. Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал за Горицко:

На крајот од XIX век Ѓорче Петров го завел селото како турско, со 20 куќи. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Горенци имало 100 жители Турци и 35 жители Роми. Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, пред Балканските војни Горицко имало 25 турски куќи.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 114 жители. Во 1920 г. тука живееле 162 лица. Во 1920-тите турското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место властите довеле грчки колонисти од Понд и Тракија. Така, во 1928 г. Горицко е забележано како чисто дојденско село со 82 жители од 12 семејства. Во 1926 г. е преименувано во Аграпидија.

Во 1940 г. во селото живееле 190 жители, а истиот број е заведен и во 1951 г. Иако делумно настрадало во Граѓанската војна, селото не се ратурило, туку се зголемило поради доселување на извесен број колонисти од Епир, па во 1961 г. се зголемило на 219 жители.

Население

Стопанство Во селото се произведуваат претежно компири и жито.

Поврзано Сариѓол

Наводи

Категорија:Суровичево