Трново (Трнаа или Трнава; , Прасино; до 1955 г. Τίρνοβο, ТирновоΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τύρνοβον - Πράσινον) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Преспа на Леринскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 18 жител (2021) — сите Македонци.

Географија Селото е сместено во областа Корешта, 34 км југозападно од Лерин и исто толку северно од Костур. Лежи крај Рулска Река, во подножјата на разграноците на Бигла наречени Мокро и Лисец.

Историја Во Отоманското Царство Селото за првпат се среќава во османлиски дефтер од 1530 г. под името Трнова со 18 семејства.Harun Yeni, Demography and settlement in Paşa sancaği sol-kol region according to muhasebe-i vilayet-i rumeli defteri dated 1530 [1530 tarihli Muhasebe-i Vilayet-i Rumeli defteri'ne göre Paşa Sancağı sol-kol bölgesinde demografi ve yerleşim]Ankara, 2006, стр. 114 На крајот на XIX век Трново било македонско село во Костурската Каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Трново (Trnovo) било село во Костурската Каза со 89 домаќинства и 260 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 108-109. Между 1896-1900 година селото преминава под върховенството на Бугарската егзархијаИлюстрация Илинден, 1936, бр.79, стр. 1.

Црквата „Св. Ѓорѓи“ е изградена во XIX век.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Трново имало 395 жители Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265. На почетокот на XX век речиси целото население потпаднало по Цариградската патријаршија, а по Илинденското востание во 1904 г. селото преминало под црховенството на Бугарската егзархија.Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 125. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Трново имало 544 Македонци под егзархијата и работело бугарско училиште.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 182-183. На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Тирново се води како чисто македонско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 68 куќи. Според Георги Константинов Бистрицки Трново пред Првата балканска војна имало 100 македонски куќи.Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 6.

Трново пострадало од грчката вооружена пропаганда. Во мај 1905 г. Коте Христов, кој преминал на грчка страна, жестоко го претепал селскиот учител Ѓорѓи Рајков,Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 206. Силјанов погрешно вели дека Рајков бил претепан до смрт. а самото село преживеало и други андартски напади, во кои се изгорени сите книги на бугарски.Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 210-211. Според Георги Трајчев во 1911/1912 г. во Трново имало 11 куќи со вкупно 109 жители.Трайчев, Георги. Български селища в днешна Албания, во: Отецъ Паисий, 15-31 юли 1929 година, стр. 212.

Во Грција По Балканските војни селото е припоено кон Грција во 1913 г. согласно Букурешкиот договор, кога броело 504 жители. Во 1927 г. е преименувано во Прасино, што значи „зелено“. Во 1928 г. во Трново се попишани 404 жители.

На пописот од 1940 г. селото имало 376 жители; во периодот меѓу Балканските војни и Втората светска војна од Трново се иселиле преку 100 семејства, претежно во прекуокеанските земји и Бугарија. Населението настрадало и во Грчката граѓанска војна, поради што многумина се отселиле во Р Македонија и источноевропските земји.

Население Во 129 извештај во книгата Егејска Македонија во НОБ, селото на 27 декември 1947 година било означено како чиста македонска населба.

Стопанство Селото важи за сиромашно. Населението се занимава со сточарство и земјоделство.

Личности Родени во Трново Антон Јамовски (1928 – 1949) — комунистички деецElizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009 Ѓорѓи Рајков (1864 – ?) — просветен и револуционерен деец Јоанис Калицас (Ιωάννης Καλίτσας) — андартски деец Лазо (Λάζος) — андартски деец Пандо Стериов (? – 1906), деец на МРО, осуден на смрт во 1906 г. за убиство на војникНиколов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 155. Тодор Адамов (Θεόδωρος Αδάμ) — андартски деец, четник на Каравитис Фоте (Φώτης) — андартски деец

Починати во Трново Лазар Поп-Трајков (1878 – 1903) — револуционер Евстатиос (Статис) Лихадиотис (? – 1905) — андартски капетан

Поврзано Црква „Св. Ѓорѓи“ Корешта

Наводи

Категорија:Преспа (општина) Категорија:Корешта