Зигост или Зигости (, Месолакос; до 1927 г. Ζυγόστι, Зигости) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес во општината Гребен на Гребенскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 49 жители (2011).

Географија и местоположба Селото се наоѓа на околу 9 км источно од градот Гребен, во близина на реката Бистрица, на нејзината десна страна, на надморска височина од 610 м.

Историја

Во Отоманското Царство Во XIX век Зигост било грчко село во Гребенската Каза на Серфиџенскиот Санџак.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Зигост живееле 170 Грци.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Зигос се води како чисто грчко село во Гребенската Каза на Серфиџенскиот санџак со 24 куќи.

Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Зигост живееле 140 Грци христијани.Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 2001, 48-49.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 175 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 160.

Во 1927 година, името на селото било променето во Месолакос (Μεσόλακκος).

Стопанство Селото располага со плодни обработливи површини чиј дел се наводнува. Населението произведува жито, овошје и други земјоделски производи. Во помала мера е застапено и краварство.

Население

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Гребен (општина)