Спилио или Спиљо (, Спилео) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес во општината Гребен на Гребенскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 187 жители (2011).
Географија и местоположба Селото е оддалечено околу 25 км југозападно од градот Гребен, на источните падини на планината Пинд, во близина на реката Венетик, на нејзината лева страна, на надморска височина од 900 м. Во непосредна близина на селото е сместен Портички мост.
Историја
Во Отоманското Царство Во XIX век Спилио било грчко село во Гребенската Каза на Серфиџенскиот Санџак.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Спилио живееле 409 Грци.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Спилеон се води како чисто грчко село во Гребенската Каза на Серфиџенскиот санџак со 79 куќи.
Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Спилио живееле 600 Грци христијани.Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 2001, 48-49.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 717 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 657.
Стопанство Населението произведува жито, компири и други земјоделски производи. Населението делумно се занимава и со сточарството.
Население
Самоуправа и политика Во 1918 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 33 квадратни километри. Општината Спилио била приклучена во општината Теодорос Зјакас во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Гребен.
Селото припаѓа на општинската единица Теодорос Зјакас со седиште во селото Мавран, која припаѓа на поголемата општина Гребен, во округот Гребен. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Спилио, во кој е единствено село.
Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта
Спилиска тврдина — крепост од античко и византиско време
Мостови
Љатички мост — стар мост кај селото, прогласен за споменик на културата Портички мост — стар мост кај селото, прогласен за споменик на културата
Цркви
Црква „Св. Атанасиј“ — главна селска црква, изградена во 1804 година; Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — изградена во 1633 година, поранешна манастирска црква.
Личности Родени во Спилио
Адамантос Манос (1862 - 1908) — грчки андартски капетан
Наводи
Категорија:Гребен (општина)