Ола (Ола Бекташ или Ула Бекташ; )Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καραγκιόζ Κιόι -- Περίβλεπτον — село во Општина Бук на Драмскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 23 километри источно од градот Драма и на 22 километри југозападно од центарот на општината, Бук. Селото се наоѓа на надморска височина од 320 метри. Северно од селото се наоѓа вештачкото Олско Езеро на реката Места, во чие продолжение на запад е и поголемата акумулација Черешовско Езеро.

Историја Селото во текот на XIX век се наоѓало во рамките на Драмската Каза, во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 450 жители ТурциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 198..

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Платановриси.

Демографија

До 1928 година во селото биле населени 248 бегалци од Турција. Во 1928 година селото броело 248 жители, додека во 1940 година селото броело 170 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 176 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 160 жители, во 1971 година имало 56 жители, во 1981 година имало 36 жители, додека во 1991 година имало 23 жители. Денеска, населението на селото е 58 жители според пописот од 2011 година.

Наводи

Категорија:Бук