Сидерово (, Месовуни; до 1927 г. Σιδέροβο, Сидерово) — поранешно село во Драмско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Неврокоп во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци муслимани.

Географија Селото се наоѓа на северните падини на планината Боздаг и влегува во историско-географската област Чеч. Соседни села се Волак, Перух, Вршен, Странен и Долна Лакавица.

Историја

В Османската империя На крајот од XIX век Васил К’нчов напишал дека Сидерово имало 80 куќи на Македонци муслимани.Извори за българската етнография, т. 3, Етнография на Македония. Материали из архивното наследство, София 1998, с. 28. Според неговата стастистика („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Сидерово или Сидарево живееле 195 Македонци муслимани во 45 куќи.

Во Грција Во Првата балканска војна во 1912 г. селото е окупирано од бугарска војска. По Втората балканска војна во 1913 г. истото е припоено кон Грција. Според грчка статистика, во 1913 г. во Сидерово (Σίδροβον, Сидеровон или Σιδέροβα, Сидерова) живееле 296 лица. Во 1920 г. селото имало 247 жители.

Во 1923 г. жителите како муслимани се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место се доведени грчки колонисти. Во 1927 г. селото е преименувано во Месовуни (Μεσοβούνι), што во превод значи „средна планина“ или „среден баир“. Во 1928 г. населението на Сидерово се состоело од 89 грчки доселеници од Турција (29 семејства). Во 1940 г. населението се намалило на 54 жители. Селото се распаднало за време на Граѓанската војна (1946 - 1949) и потоа не е обновено. Мал исклучок е пописот од 1971 г. кога во него се заведени 2 лица.

Население

Наводи

Категорија:Историски села во Неврокоп (Егејска Македонија) Категорија:Чеч