Либаово, Либахово или Либаво (, Филирија; до 1926 г. Λιμπάχοβο) — село во Гуменџиско, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот Округ, Грција. Населението брои 192 жители (2021). Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.
Географија и местоположба Селото се наоѓа на 6 км јужно од Гуменџе во областа Бојмија во Солунското Поле. Лежи во источното подножје планината Пајак.
Историја Праисторија и антика На трапезоидна височина на 150 м југозапдано од селото е откриено древна населба со остатоци од праисториско, римско и хеленистичко време. Лево од патот Кушиново – Либаово, во месноста Извор на 1,1 км од Либаово е откриена римска градба со изобилство од керамички остатоци и архитектонски елементи.
Во Отоманското Царство Во XIX век Либаово било чисто македонско село во Ениџевардарската Каза. Црквата „Св. Недела“ е од првата половина на XIX век. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) го опишал Љубарово како македонско село.Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.
На австроунгарската военна карта селото е означено како Либахова (Libahova), а на картата на Кондојанис се води како Либиновон (Λιμπίνοβον), христијанско село.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Либаво (Либахово) живееле 145 Македонци христијани. Целото население на Либаово било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Либаво (Libavo) имало 176 Македонци, сите под Егзархијата.
Во 1905 г., според Крсте Петков Мисирков, село Либаово било македонско со 10 куќи.
Според кукушкиот околиски училиштен инспектор Никола Хрлев во 1909 г. Либаово имало 20 македонски егзархиски куќи, сите чифлик. Зимно време во селото живееле и 6-7 влашки семејства кој тој ги нарекува „националисти“, т.е. со романска свест. Освем со земјоделство, населението се занимава со лозарство и бубарство. Двокатната зграда на бугарското училиште е изградена во 1905 г.Извори за българската етнография, т. 3, Етнография на Македония. Материали из архивното наследство, София 1998, с. 85-86.
По данни на Екзархията в 1910 година Либаново е чифлигарско село со 18 семејства сочинети од 128 жители Македонци и една црква.Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61–69.
Во 1910 г. Халкиопулос напишал дека во селото (Λιμπάχοβον) имало 120 егзархисти.
Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека Либихово пред Балканските војни имало 40 куќи на Македонци христијани.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. Тушилово било припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1912 г. е заведенои како село со христијанска религија и македонски јазик. На пописот од 1913 г. се заведени 144 лица, од кои 83 мажи и 61 жени. Во 1920 г. во Либаово се попишани 111 лица.
Добар дел од жителите биле принудени да се иселат во Бугарија и ликвидирани се 24 нивни имоти. Во 1920-тите властите довеле грчки доселеници од Источна Тракија, Понд и Мала Азија. Малоазијците всушност се од селото Киздервент чие население се Македонци од Охридско присилно иселени таму на почетокот на XVIII век за да бидат дервенџии, чиј јазик и денес е смеса од македонски со турски зборови.Шишманов, Димитър. „Необикновената история на Малоазийските българи“, II издание, „Пони“, София, 2001, стр. 49-50. Во 1928 г. селото е претставено како мешано со 265 жители, од кои 234 биле дојденци (69 семејества).
+ Месности во Либаово преименувани со службен указ на 31 јули 1969 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Леска Λέσκα Фундуки Φουντούκιрека на ЈЗ од Либаово Извор Ίσβορον Пиги Πηγήмесност на Ј од Либаово Вакуфи Μακούφια Монастирија Μοναστήριαмесност на ЈЗ од Либаово и на ЈИ од Геракарци Ѓупката Γιουπκτα Гифтиса Γύφτισσαмесност на Ј од Цигарево и на И од Радомир Градишта Γράδιστα Петротон Πετρωτόνвозвишение на З од Цигарево и на С од Радомир Нишан Таш Νισάν Ντασι Пирамида Πυραμίδαвозвишение на ЈЗ од Геракарци и на И од Цигарево (325,6 м) Орманово Όρμάνοβον Дасотон Δασωτόνмесност на ЈЗ од Геракарци и на СИ од Цигарево Курија Κουρί Дасаки Δασάκιвозвишение на СЗ од Либаово и на С од Геракарци (266 м) Вирот Βίροτ Пиги Πηγήрека на И од Либаово
Население
Стопанство Населението на селото одгледува жито, тутун и памук. Сточарството е слабо развиено.
Културни и природни знаменитости Црква „Св. Недела“ од XIX век, прогласена за споменик на културата Либаовска античка населба од праисториско, древномакедонско и римско време, прогласена за споменик на културата
Наводи
Категорија:Пајонија (општина)