Благоја Чоревски (Велес, ) — македонски глумец и режисер. Тој е син на доајенот на македонското глумиште Трајко Чоревски и глумицата Ратка Чоревска. Неговиот брат Борис Чоревски е познат битолски глумец.
Животопис Чоревски е роден во Велес на 9 септември 1947 година. Завршил Театарска академија во Софија во 1971 година. Член на Драмскиот театар од 1971 година, до неговото пензионирање во 2012 година. Тој продолжува да биде активен во театарот и по пензионирањето. Тој има соработувано со голем број на познати наши режисери како: Слободан Унковски, Димитрие Османли, Коле Ангеловски, Димитар Станковски, Љубиша Георгиевски, Владимир Милчин, Петре Прличко и Илија Милчин. Бил директор на Драмскиот театар од 1983 до 1998 година, заменик-министер за култура во Владата на Македонија 1998 до 2001, како претставник на ДА и претседател на Советот на град Скопје, каде бил разрешен на 21 јануари 2008. Бил член и висок функционер во Демократската алтернатива, за подоцна да премине во Демократскиот сојуз. мини|333x333пкс|Благоја Чоревски (лево) заедно со Лазе Манасковски (десно) во претставата „Фани Мани!“
Театарски претстави Дарко - Свадба од Васил Иљоски, р. Димитрие Османли, Драмски театар - Скопје, 1972; Задржливиот подем на Артуро Уи од Бертолт Брехт, р. Мјечислав Журкиевич, Драмски театар - Скопје 1972; Камиј Шандебис - Болва в'уво од Жорж Фејдо, р. Димитрие Османли, Драмски театар - Скопје 1974; Ескуриал и слепци од Мишел Де Гелдерот, р. Васил Ќортошев, Драмски театар - Скопје 1974; Хенрих Четврти од Луици Пириндело, р. Виолета Џолева, Драмски театар - Скопје 1974; Звонцов - Егор Буличов и другите од Максим Горки, р. Димитар Ќостаров, Драмски театар - Скопје 1975; Навахита Велос - Достага на самиот врв на највисоката власт од Коле Чашуле, р. Љубиша Георгиевски, Драмски театар - Скопје 1975; Крадец - Седмо, кради помалку од Дарио Фо, р. Димитрие Османли, Драмски театар - Скопје 1976; Иван - Црнила од Коле Чашуле, р. Љубиша Георгиевски, Драмски театар - Скопје 1977; Лаерт - Хамлет од Вилијам Шекспир, р. Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 1977; Иван Александрович - Ревизор од Николај Василевич Гогољ, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1978; Берберот - Шекспир во приказни од Чарлс и Мери Ленд, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1978; Харолд Мичел - Трамвај наречен желба од Верољуб Андоновски, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1979; Стефан - Диво месо од Горан Стефановски, р. Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 1979; Шарп Помел - Виктор или деца на власт од Роже Витрак, р. Жарко Петан, Драмски театар - Скопје 1981; Лудовик - Ајкула од Виктор Хаим, р. Ѓорѓи Стојаноски, Драмски театар - Скопје 1982; Фрањо Чук - Полнета птица од Фадил Хџиќ, р. Димитрие Османли, Драмски театар - Скопје 1982; Нове - Дупло дно од Горан Стефановски, р. Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 1984; Дејан Митич - Карамазови од Душан Јовановиќ, р. Паоло Маѓели, Драмски театар - Скопје 1984; Капетан Бордир - Крал Иби од Алфред Хари, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1984; Тетовирани души од Горан Стефановски, р. Паоло Маџели, Драмски театар - Скопје 1985; Молер 1 - Викенд на мртовци од Миле Попоски, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1985; Коприварник од Иван Карадак, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 1986; Јаков - Керубин 2096 од Славко Јаневски, р. Љубиша Георгиевски, Драмски театар - Скопје 1986; Малволио - Ноќ спроти водици од Вилијам Шекспир, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1986; Директор - Р од Јордан Плевнеш, р. Љубиша Георгиевски, Драмски театар - Скопје 1987; Благоја - Сили во воздухот од Небојша Рончевиќ, р. Јовица Павиќ, Драмски театар - Скопје 1988; Серџо - Шуаби Ап од Жаклина Мирчевска, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1989; Дрвар - Лице и опачина од Јордан Радичков, р. Љубиша Георгиевски, Драмски театар - Скопје 1989; Виктор - Кула Вавилонска од Горан Стефановски, р. Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 1990; Благојка - Женски оркестар од Жан Ануј, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1991; Агатон — Нажалена фамилија од Димитар Станковски, р. Димитар Станковски, Театар Јордан Хаџи Константинов - Џинот Велес 1991; Господин Грчев - Чернодрински се враќа дома од Горан Стефановски, р. Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 1992; Базилиј - Животот е сон од Педро Кандерон, р. Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 1993; Џери - Зоолошка приказна од Едвард Олби, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1994; Сега му е мајката од Горан Стефановски, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1995; Антон - Ревизор од Николај Василевич Гогољр. Љубиша Георгиевски, Драмски театар - Скопје 1995; Трајче - Ни ќар ни зијан од Братислав Димитров, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1996; Стеван - Диво месо од Горан Стефановски, р. Александар Поповски, Драмски театар - Скопје 2000; Непознатиот — Пер Гинт од Хенрик Ибзен, р. Златко Славенски, Македонски народен театар 2001; Сон на летната ноќ од Вилијам Шекспир, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 2001; Магдо љубов моја од Сашко Насев, р. Димитар Станковски, Македонски народен театар 2003 Брачна игра од Едвард Олби, р. Љупчо Тозија, Драмски театар - Скопје 2003; Хамлет од Долго Гаштани, од Иво Брешан, р. Мето Јовановски, Драмски театар - Скопје 2004; Господин Остојиќ — Лет во место од Горан Стефановски, р. Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 2005; Кино љубов од Јани Бојаџи, р. Јани Бојаџи, Драмски театар - Скопје 2007; Комшилук наопаку од Нина Николиќ, р. Нени Делместре, Драмски театар - Скопје 2008; Ветар низ тополите од Иван Карадак, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 2009; Ѓорѓија - Жена ми се вика Борис од Рафа Шарт, р. Коле Ангеловски, Дом на АРМ 2011; Фани Мани од Реј Куни, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 2012; Чија си од Сашко Насев, р. Љупчо Ѓоргиевски, Драмски театар - Скопје 2013; Евангелија на глупоста од Љубиша Георгиевски, р. Љубиша Георгиевски, Драмски театар - Скопје 2014; Чолак од Мартин Мекдонах, р. Синиша Евтимов, Драмски театар - Скопје 2015; Вања - Вујко Вања од Антон Павлович Чехов, р. Зоја Бузалковска, Македонски народен театар 2015; Гела - Буре барут од Дејан Дуковски, р. Сашо Миленковски, Драмски театар - Скопје 2016; Вилфред Бонт - Квартет од Роналд Харвуд, р. Зоја Бузалковска, Македонски народен театар 2016; Виш препаратор — Вера, љубов, надеж од Еден фон Хорват, р. Лука Кортина, Драмски театар - Скопје 2017; Хардинг — Лет над кукавичјото гнездо од Деј Весерман, р. Ристо Алексовски, Драмски театар - Скопје 2017; Иконија — Птица со главата меѓу нозе од Коле Ангеловски, р. Коле Ангеловски, Драмски театар - Скопје 2021; Таткото - Разведи ме од Роберт Ристов, р. Роберт Ристов, Театар Провокација 2022; Живко Младеновски - Среќен мртовец од Марјан Анѓеловски, р. Марјан Анѓеловски, Театар Отпишани 2023; Животот е краток и нејасен од Марјан Анѓеловиќ, р. Гжегож Кемпински, Театар Отпишани 2025; Каменица, Шшш нека остане од Тара Димитровска Стаменковска, р. Тара Димитровска Стаменковска, Македонска Каменица 2026.
Филмографија Настапувал во неформални театарски проекти, на естрадата, на филм и на ТВ. Година Филм Улога1960-ти ▲ 1969 Волшебниот воз ТВ-серија 1970-ти ▲ 1972 Табакерата ТВ-филм Сулејман бег 1973 Новогодишен карусел ТВ-филм 1975 Сребрено јаболко ТВ-филм 1975 Илинка ТВ-филм 1975-1976 Патот кон иднината ТВ-серија 1977 Итар Пејо ТВ-серија Толе 1977 Големата соба ТВ-филм Бранко 1977 Исправи се, Делфина ТВ-филм ТВ Новинар 1977 Пресуда ТВ-филм Командант 1979 Хихирику Радио-емисија 1979 Курирот на Гоце ТВ-серија Мино1980-ти▲ 1980 Учителот ТВ-филм 1980 Време, води ТВ-филм Кузе 1981 Булки крај шините ТВ-серија Владо 1982 Илинден ТВ-серија Сулејман 1983 Кога тетин Клименте шеташе над градот ТВ-филм Клименте 1983 Премиера ТВ-филм 1984 Исчекување ТВ-филм Ристе 1984 Хихирику - 5 години ТВ-филм 1984 Лет во место ТВ-филм Евто 1984 Камчевци ТВ-серија 1984 Белото циганче ТВ-серија 1984 Комедијанти ТВ-серија Трагичарот 1984 Диво месо ТВ-филм Стефан 1985 Другар на патот ТВ-филм 1985 Дупло дно ТВ-филм Нове 1985 Ајде да се дружиме ТВ-серија Баже 1985 Тетовирани души ТВ-филм 1987 Театарче лево ќоше ТВ-филм 1987 Пикасо ТВ-филм 1987 Случки од животот ТВ-серија 1988 Чук, чук Стојанче ТВ-серија 1988 Викенд на мртовци ТВ-серија Кирца 1988-1990 Еурека ТВ-серија Кардинал Балермино1990-ти▲ 1990 До, ре, ми ТВ-серија Васе 1990 Северна грешка ТВ-филм Брчка 1990 Трст виа Скопје ТВ-серија Маргус 1990 Алф од Ново Лисиче ТВ-филм Чаки Панкерот 1990 Викенд на мртовци ТВ-филм Кирца 1991 Тетовирање ТВ-филм Батко доктор 1991 Болва в' уво ТВ-филм Лакан 1991 Женски оркестар ТВ-филм Благојка 1991 Во кафулето кај Гане ТВ-филм Гене 1992 Чернодрински се враќа дома ТВ-филм 1996 Самоуништување Славчо 1998 Салон Хармони ТВ-серија Богдан 1999 Хихирику ТВ-серија 2000-ти▲ 2000-2001 Во светот на бајките ТВ-серија 2001 Агенција осамени срца ТВ-серија Ведран 2003 Битолски лакрдии ТВ-серија 2004 Хихирику ТВ-серија 2005 Крчма на патот кон Европа ТВ-филм Бержерак 2006 Пусто турско ТВ-филм 2008 Куќен совет ТВ-серија 2009 Ветар низ тополите ТВ-серија 2009 Балкан бенд ТВ-серија Благојка 2010-ти▲ 2016 Вистинска љубов ТВ-филм Васо Пинго 2016 Операција Дијамант ТВ-серија Мистер Џон 2016-2020 Преспав ТВ-серија Генади 2018 Ругање со Христос ТВ-филм Анести 2019 Фамилија Марковски ТВ-серија Извршителот 2019 Врба ТВ-филм Манчо2020-ти▲ 2020 Мојот Драмски ТВ-серија 2020 Дајте музика ТВ-серија Дедо Баже 2021 Кино Љубов ТВ-филм проф. Ѓулев 2022 Лена и Владимир ТВ-филм Ацо 2022 Кајмак ТВ-филм Мишко 2022-2023 Бистра вода ТВ-серија 2025 Утре наутро ТВ-филм Анастас 2026 Утре наутро ТВ-серија Анастас 2026 Збогум, Копакабано ТВ-филм
Награди
Чоревски е добитник е на голем број на награди, како во поранешен СФРЈ, така и во Македонија:
Златен ловоров венец на Малите и експерименталните сцени во Сараево во 1976 година, Стериината награда во Нови Сад во 1979 година, Награда за најдобра епизодна улога на Стерииното позорје, Награда за најдобро глумечко остварување на Игрите „Војдан Чернодрински“, Најпопуларно ТВ лице според анкетата на весникот „Вечер“, Награда за најдобро глумечко остварување на филмот и телевизијата според анкетата на ревијата „Екран“ во 1984 година. Лауреат и на Највисокото опшстествено признание на Република Македонија, Награда „11 Октомври“. Награда Климент Охридски 2004 година „Златна маска“ што весникот „Вечер“ ја доделува во рамките на „Охридско лето“ во 2007 Награда „Петре Прличко“ во 2009 година Награда за животно дело Војдан Чернодрински во 2015 година Награда Свети Јоаким Осоговски во 2018 година Награда Ристо Шишков во 2018 година Награда Васил Иљоски во 2022 година Награда „13 Ноември“ во 2023 година, за повеќе од 50-годишна творечка и општествена активност во доменот на творечкото воздигнување на градот Скопје, државата и пошироко. Орден за заслуги за Македонија во 2024 година од Телма.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Глумци од Велес Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Југословенски глумци Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски режисери Категорија:Македонски општественици Категорија:Политичари од Велес Категорија:Добитници на награди Категорија:Добитници на наградата „Петре Прличко“ Категорија:Добитници на наградата „Ристо Шишков“ Категорија:Луѓе со потекло од Штип Категорија:Носители на Орденот за заслуги за Македонија