Зарово (, Никополи; до 1927 г. Ζάροβα, Зарова) — село во Општина Лагадина во Солунскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 82 жители (2021).

Географија и местоположба Селото се наоѓа на неколку километри од градот Лагадина и на 30 килиметри северно од Солун, во западниот дел на Богданска Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 652 метри.

Историја Во XIX век Зарово е турско село, кое припаѓало кон Лагадинската Каза на Отоманското Царство. Уште во 1892 година започнало големото влијание на Бугарската егзархијаПопстоилов, Антон. Село Зарово, Солунско. Историко-фолклорно и езиковедско изследване, Издателство на БАН, София, 1979, стр. 40.. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 212 семејства со 945 жители МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 152-153. Во учебните години 1881 - 1882 и 1882 - 1883, Бугарската егзархија имала учител во селото.Кирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877-1878. Том първи, книга втора, стр. 28.. Во 1881 година иконата на Кирил и Методиј во црквата Свети Илија во селото била направена од познатиот зограф Крсте Николов.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 1500 жители МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 170.. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 1896 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и работело егзархиско училиштеBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 196-197.

Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски, опожарено и разрушено до темел. Жителите на селото започнале да бегаат кон северните делови на земјата. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година селото се води како напуштена населба, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 380 жители. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. Во 1927 година, селото било преименувано во Никополи.

Население Во 1928 година селото броело 499 жители., додека во 1940 година селото броело 674 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 576 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 592 жители, во 1971 година имало 232 жители, во 1981 година имало 196 жители, додека во 1991 година имало 277 жители. Денеска, населението на селото е 315 жители според пописот од 2001 година.

Личности Родени во Зарово Александар Кујумџиев Ангел Џиков„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 207. Ангел Кирков Ангел Константинов (1834 - 1914) БлагоЈ ПопгеоргиевПопстоилов, Антон. Село Зарово, Солунско. Историко-фолклорно и езиковедско изследване, Издателство на БАН, София, 1979, стр. 49. Георги Запранов„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 264. Георги Петров (1840 - 1912) Ѓорче Поп-Ангелов Димитар Канелов„Военно-исторически сборникъ“, книжка 39, февруари 1939, стр. 178 (В. Карамановъ, бившъ кукушки окрѫженъ управитель - „Страници изъ междусъюзническитѣ отношения въ близкитѣ околности на гр. Солунъ презъ Балканската война 1912/1913 г. Лѫгадинска околия“ Димитар Поп-Ангелов Дојчин ЗапревКараманджуков, Христо. „Западнотракийските българи в своето култорно-историческо минало с особен поглед към тяхното политико-революционно движение“, София, 1934, стр. 189 - 190. Захарија ШолковБългарската възрожденска интелигенция (енциклопедия), ДИ „Д-р Петър Берон“, София, 1988, стр.714. Константинос Јафкас (Κωνσταντίνος Γιάφκας)едΜάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр.60 Константинос Маврудис (Κωνσταντίνος Μαυρουδής) Коста Сандев (1883 - 1923) Лазар Илиев ГајдевМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 137. Методиј Охридски Методиј Черепишки Петар Димитров Порчо П. Ангелов„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 32. Тодор Попгеоргиев

Наводи

Категорија:Зарово