Турханли или Троханли (, Лакија; до 1927 г. Τροχανλή, Троханли) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Седес на Солунскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 398 жители (2021).
Географија и местоположба Селото е сместено во северозападниот дел на Халкдичкиот Полуостров, околу 35 км југоисточно од градот Солун, во непосредна близина на патот Солун-Ерисово (ЕО16), во јужното подножје на планината Хортач, на надморска височина од 100 м.
Историја
Во Отоманското Царство Во XIX век Турханли било турско село во Солунската Каза на Солунскиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Турханли имало 85 жители Турци.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. Турханли е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 59 жители, кои во 1920 г. се накачиле на 101 лице.
Во 1924 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се населиле 29 бегалски семејстви (вкупно 98 бегалци) од селото Дереќој во Мала Азија, така што селото станало бегалска населба.
Во 1927 година, името на селото било променето во Лакија (Λακκιά).
Стопанство Селото е полупланинско и прилично бедно. Населението произведува тутун, жито и други земјоделски производи.
Население
Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Царево Село со седиште во истоимената населба, која припаѓа на поголемата општина Седес, во округот Солун. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Царево Село, во кој влегува и истоименото село.
Културни и природни знаменитости Цркви
Црква „Св. Димитриј“ — главна селска црква Параклиси „Св. Петка“ — параклис во близина на селото „Св. Константин и Елена“ — параклис во близина на селото
Наводи
Категорија:Седес