Вратин (, Алјакмонас; книжевно: Αλιάκμων, Алјакмон, до 1927 година: Βρατίνιον, ВратинионΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βρατίνιον -- Παληούριον; во периодот 1927-1960 година: Παλιούριον, Палиурион Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Παλιούριον -- Αλιάκμων) — село во Кожанско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Горуша, во Западна Македонија, Грција. Населението брои 126 жители (2021)
Географија
Селото се наоѓа на околу 5 километри источно од гратчето Лапчишта, на левиот (североисточен) брег на реката Бистрица. Сместено е на 580 метри надморска височина.
Историја
Во близина на селото се наоѓа античка населба, каде што се пронајдени антички наоди, статуа на Афродита од век п.н.е., како и мозаик на ранохристијанска црква.
Кон крајот на век, Вратин било село во Населичката Каза на Отоманското Царство.
Селото Вратин било населено со грчко население од порано.
Во 1927 година, селото било преименувано во Алјакмон (Αλιάκμων), а во периодот 1927-1960 било познато како Палиурион (Παλιούριον). Името Алјакмон потекнува од грчкиот назив на реката Бистрица.
Стопанство
Поради плодната почва во долината на реката Бистрица, земјоделството е развиено.
Неговото население произведува многу жито, тутун, компири, пченка и други земјоделски производи. Дел од населението се занимава и со сточарство.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Вратин живееле 375 Грци христијани.Васил К’нчов. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 273.
Во пописот од 1913 година, селото било забележано со 467 жители, во 1920 година со 354 жители, во 1928 година со 508, во 1940 година со 587, во 1951 година со 524, во 1961 година со 512, во 1971 година со 458, во 1981 година со 451, а во 1991 година со 316 жители.
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 281 жител. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 231 жител.
Самоуправа и политика
Во 1918 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 21 квадратен километар. Општината Вратин била приклучена во општината Лапчишта во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Горуша.
Селото припаѓа на општинската единица Лапчишта со седиште во истоименото гратче, која припаѓа на поголемата општина Горуша, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Вратин, во кој е единствено село.
Културни и природни знаменитости
Цркви Црква „Св. Троица“ — главна селска црква, изградена во 1859 година; Црква „Св. Дух“ — параклис, осветен во 2007 година.
Наводи
Белешки
Категорија:Горуша (општина)