Емборе (, Емборио; некогаш: Трговиште) — село во Кајларско, Егејска Македонија, денес во општината Еордеја на Кожанскиот Округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 804 жители (2011), од кои огромно мнозинство се Македонци.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Сариѓол или Кајларско Поле, 14 км озападно од градот Кајлари. Сместено е во подножјето на планината Мурик, која е дел од венецот на Сињак.

Историја Селото се споменува во османлиски даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Филорине во 1626-1627 година под името Енбориjа со 71 домаќинства.Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 333.

Население

Родови Како македонски родови според истражувањата од почетокот на XX век се забележуваат:

Мореловци (25 к.) доселени на почетокот на XIX век од Фурка кај Јанина во Епир. Сулевци (цело маало) исто така доселени од околината на Јанина во Епир. Боковци (35 к.) доселени се од селото Буково кај Битола. Ѓиѓуровци (35 к.) доселени се од Арнаутлукот.

Општествени установи

Културни и природни знаменитости Цркви „Св. Мина“ — главна селска црква, изг. 1815 г. „Св. Софија“ — копија на цариградската

Редовни настани Свети Мина — селски собор на 24 ноември (11 ноември по стар стил)

Личности Димитар Македонски (1848 - 1898) — национален деец Никола Узунов (1930 - 2010) — економист, професор и академик

Култура и спорт

Иселеништво

Поврзано Кајларско Мурик Сињак

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Еордеја