Ранци (познато и како Франци, Франковица или Франкоч; , Ермакија; до 1927 г. Φραγκότς или Φραγκότσι, Франгоци; , Франкоча) — село во Кајларско, Егејска Македонија, денес во општината Еордеја на Кожанскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 293 жители (2021). До денес е населено исклучиво со Македонци.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 22 км источно од градот Кајлари, на еден широк карпест рид во југозападното подножје на Каракамен, на надморска височина од 1.000 метри. Атарот на селото е голем и зафаќа површина од . На Каракамен, над селото се наоѓа Ранската Пештера со мал влез и две простории од 13 м и 20 м, како и многу потпростории.
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Бурлик’та, Бурликите, Влашки(те) К’ливи, Вргуљгуф, Горна Чешма, Докуфте Вудиници, Долно Мало, Ѓона, Каракамен, Карпен, Култа, Кулска Чешма, Куријта, Мучара, Пиштерка, Рудињ’то, Средна Чешма, Сред Село, Стилија, Стиникола, Црквата и други.
Историја
Потекло и значење на името Според Васил Дрвошанов, името на селото произлегува од личното име Франко (стсл. ), „Французин“ или од личното име Ранче, изведено Хранче од Хран(о) + -че, скратено од Хранимир, Хранислав. Месното предание го припишува основањето на селото на крстоносците од средниот век, на кои им го должи своето име — француско село.
Средновековие Надвор од селото, во месноста Градиште некогаш постоело селиште. На овој простор мештаните откриле остатоци од градежен материјал, разни предмети, како и од некогашни гробишта. Според преданието, една единица крстоносци заминала во поход кон Цариград, оставајќи го дотогашното престојувалиште на ранети борци и сточари во месноста Брза. На нивно место се преселиле жителите на првобитното село Градиште, нарекувајќи ја новата населба „Ново Градиште“ за да ја разликуваат од старата.
Во Отоманското Царство Ранци е мошне старо село. Во пишаните извори за првпат се споменува во пописен дефтер од 1481 г. под називите Франковица или Хранче. Вторпат се споменува во 1545 г. како Хранковци (со уште два називи: Хранче или Хранковец) со 122 домаќинства и 17 неженети, сите христијани, додека во 1565 г. тоа броело 75 христијански домаќинства и 84 неженети. Според даночните регистри на немуслиманското население од 1626–1627 г. селото Раниче се наоѓало во вилаетот Филорина (Лерин) и било населено со 19 домаќинства. Во 1664 г. во селото биле забележани и муслимани.Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 333
Околу 1820 г. Ранци било чифлиг на Али-паша Јанински. Селото значително настрадало за време на Негушкото востание (1822), кога било изгорено до темел од Отоманците. Во 1874 г. била изградена црквата „Св. Атанасиј“, како и сега уништениот манастир „Св. Илија“. Во селото некогаш постоеле уште две цркви: „Св. Мина“ и „Св. Петка“.
Во XIX век Ранци било речиси чисто македонско село во Кајларската Каза на Серфиџенскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Ранци (Rantzi) имало 100 домаќинства со 280 жители Македонци.
Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал за Ранци:
Во 1893 г. дипломатот Атанас Шопов го посетил Кајларско и забележал дела Ранци било македонско село. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Ранци имало 680 жители, од кои 600 Македонци и 80 Турци.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Франкоч (Франковиште) е претставено како чисто македонско село во Кајларската Каза на Серфиџенскиот Санџак со 100 куќи.
На почетокот на XX век македонското население на Ранци било под влијание на на Цариградската патријаршија. Во 1902 година, селото преминало под врховенството на Бугарската егзархија, но два месеци подоцна, под притисок на грчките чети, истото се откажало од неа и повторно се вратило под Патријаршијата. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Ранци имало 1.000 Македонци патријаршисти.
Во 1910 г. Атанасиос Халкиопулос („Етнолошка статистика на Солунскиот и Битолскиот Вилает“) напишал дека во селото Дрангоци (Δραγκότσι), село во Кајларската Каза, има 675 „православни Грци“.Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος. Η Μακεδονία: εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου. Αθήναι, 1910, σ. 108.
Во Првата балканска војна, едно лице од селото се вклучило во Македонско-одринските доброволни чети.
Во Грција мини|Свадбено знаме од Ранци, подарено од Ангеле Бојаровски на Музејот на Македонија. Изработено е од црвено памучно платно, еднострано извезено со бели и жолти монистра, со размер 71 x 65 см. Во средината има два крунисани бели лава, врамени со бела цветна рамка, каде во аглите се наоѓаат исти помали лавови. Под нив стојат буквите „Б“ и „А“ и годината 1903. Од сите страни е опшиено со друга црвена лента од 5 см. По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година броело 1.164 жители, кои во 1920 г. се свеле на 1.108 лица. Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека околу Првата светска војна Ранци имало 240 македонски и 30 турски куќи.
Во 1923 г. муслиманското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор. Во 1927 г. селото е преименувано во Ермакија (Ερμακιά). Во документ на грчките училишни власти од 1 декември 1941 г. се посочува дека Ранци се состои од 300 „туѓојазични“ семејства.
Поради учеството на селаните во НОБ, на 16 март 1944 г. Ранци било ѕверски нападнато од колаборационистичките грчки сили (составени претежно од понтски Грци) на полковник Георгиос Пулос. Селото било запалено и ограбено, а вкупно 66 или 62 лица биле убиени, поради што неговите жители биле принудени да се раселат, претежно во Коман, Инско и Негуш. Ранци повторно силно настрадало за време на Грчката граѓанска војна (1946–1949), кога значителен дел од мештаните се преселиле во НР Македонија. Селани убиени на 16 март 1944 г.№Име№Име№Име№Име1Стефан Андреа15Олга Караташи29Вангел Манчов43Никола Свртини2Михаил Антонев16Анастас Карајани30Дота Манчова44Георги Ташов3Ѓорга Антонева17Вангел Капетанов31Нико Манолаки45Аристотели Туни4Анастас Бојчев18Доне Капетанова32Антон Нико46Димитри Чуара5Илија Бојчев19Наке Карапеов33Поп Коста47Трандафил Чуара6Трифон Бојари20Никола Карапеов34Поп Никола48Сократи Чуара7Димитри Гајтанџиев21Стојан Коте35Поп Ипократ49Панаги Чуара8Милтиади Генга22Христо Коте36Козма Пејов50Коста Чуара9Ахилеа Дала23Коста Коте37Стојан Пејов51Злата Чуара10Антон Дала24Вангел Коте38Пејо Пејов52Никола Чавдари11Анастас Дала25Глигор Коте39Апостол Пејов53Јани Јанка12Никола Ичков26Георги Мингов40Никола Русков54Вангел Јанка13Теодос Караташи27Димитри Мингов41Ката Секилари55Васили Јанчев14Сана Караташи28Велика Минкова42Христо Свртини56Стојна Јанчева +Места во заедницата Ранци преименувани со службен указ на 6 август 1969 годинаИмеИмеНово имеНово имеОписСат ЃунешиΣατγιουνέσιПросилионΠροσήλιονврв на Каракамен на СЗ од Ранци и на СИ од Војводина (1.003 м)КузулецΚουζουλέτσιАнилионΆνήλιονмесност на ССЗ од РанциВармараΒαραμάραКокини МагулаΚόκκινη Μαγούλαврв на Каракамен на С од Ранци (1.404,9 м)ТеќеΤεκέςВуноплагијаΒουνοπλαγιάврв на Каракамен на ИСИ од Ранци (1.594,6 м)ЦаркулиΤσαρκούλιВасиликаΒασιλικάврв на Каракамен на СИ од Ранци (1.537 м)ГрамурадиΓκραμουράντιПетрохомаΠετρόχωμαврв на Каракамен на ЈЈИ од Ранци (914 м)ВрпорожΒαρπορὸζПетиносΠετεινόςврв на Каракамен на ЈИ од Ранци (1.508 м)СевриџеΣεβριζέВрахакиΒραχάκιврв на Каракамен на ЈИ од РанциГрадиштеΓκραδίστεПалеокастронΠαλαιόκαστρονврв на Каракамен на И од Ранци (1.149 м)ТеќеΤεκέКорифиΚορυφήврв на Каракамен на ИЈИ од Ранци (1.590,6 м)Куру ДереΚουρού ΝτερέКсиропотамосΞηροπόταμοςрека на ЈИ од Ранци, лева притока на БаковоПадинаΠάντκαКсиромериΞηρομέριмесност на ЈЗ од Ранци и на ЈИ од ВојводинаВргуљгуфΒαργκοΰγκοςКокинохомаΚοκκινόχωμαмесност на Ј од РанциПориштеΠορίστεКсиролакосΞηρόλακκοςрека на Ј од РанциЧечебулиноΤσετσεμπούλινοКсироврисиΞηρόβρυσηрека на Ј од РанциБоскаΜπόσκαМастосΜαστόςврв на Каракамен на ЈИ од Ранци (987,5 м)ГробовиштеΓκρουμπουβάϊτσεТафотопосΤαφότοποςмесност во Каракамен на ЈИ од Ранци Стопанство Населението произведува многу компири и жито, а поради пространите планински пасишта, прилично е развиено и сточарството.
Население
Културни и природни знаменитости Цркви и манастири Црква Св. Атанасиј од 1874 г.
Природни образби Ранска Пештера — пештера над селото.
Личности Родени во Ранци Марко Антонов (10 јули 1872 – ?) — просветен деец, работел како егзархиски учител во Воден;Каратанасов, Златко. Черковно-училищната борба (1868 - 1903), Материяли из миналото на Костурско, Костурско благотворително братство, София, 1935, стр. 25. Методија Тошевски (1941 – 2015) — економист и писател; Стојче Тошевски (1944 – 2008) — композитор; и Филип Ташев (1886 – ?) — борец во Македонско-одринските доброволни чети, I чета на X прилепска дружина.„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр.545. По потекло од Ранци Ѓорѓе Васиќ (Џина Папас Џокси) — македонски музичар и водител (мајка му е од Ранци).
Наводи