Ѓолбаш или Ѓол Оваси ()Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Γαλλικόν — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 17 километри југозападно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро и на 2 километри од Горчливото Езеро, на 30 километри од градот Солун. Селото се наоѓа на надморска височина од 90 метри.

Историја

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ѓолбаш се состоело од 42 семејства и 197 жители МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението од 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 162-163. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Ѓолбаш имало 180 жители МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 164..

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 144 Македонци и работело егзархиско училиштеBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99..

Според Милоевиќ во селото имало 20 семејни куќи.

Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Затоа, во пописот од 1913 година, селото било регистрирано како напуштено село без жители. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Македонија или Бугарија, и на негово место било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1926 година, селото било преименувано во Пикролимни.

Демографија

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 156 жители бегалци., додека во 1940 година селото броело 258 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 249 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 211 жители, во 1971 година имало 152 жители, во 1981 година имало 174 жители, додека во 1991 година имало 150 жители. Денеска, населението на селото е 165 жители.

Стопанство

Населението се занимава со земјоделство.

Наводи

Категорија:Кукуш