Ракли или Аракли (, Ираклио, до 1927 г. Αρακλή, Аракли)Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπέροβα -- Ηράκλειο — село во Општина Лагадина во Солунскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.171 жител (2021).
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 3 километри западно од градот Лагадина. Селото се наоѓа на надморска височина од 97 метри.
Историја
Во XIX век Ракли е село, кое припаѓало кон Лагадинската Каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 40 семејства со 192 жители МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 152-153. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 230 жители МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265..
Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 120 Грци и работеле две грчки училиштаBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 218-219.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Демографија
Во 1928 година селото броело 631 жител., додека во 1940 година селото броело 822 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 875 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 866 жители, во 1971 година имало 788 жители, во 1981 година имало 747 жители, додека во 1991 година имало 1022 жители. Денеска, населението на селото е 914 жители според пописот од 2001 година.
Наводи
Категорија:Лагадина