Хоруда или Хоруд (, Хоруда) — село во Општина Лагадина во Солунскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 27 жители (2021).
Географија Селото се наоѓа на билото на Богданска Планина, североисточно од Лагадина, западно од Нигрита и на 3 км источно од Берово.
Историја Во Отоманското Царство Црквата „Св. Атанасиј“ е изградена во втората половина на XVI век. Се смета дека местото е основано во постаро време од грчки колонисти од гратчето Агринио во Етолија, југозападна Грција.
Во XIX век Хоруда било грчко село во Лагадинската Каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Куруда (Courouda) е село со 25 домаќинства на 112 жители Грци. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Хоруд (Хорутъ) живееле 160 Грци.
Во Грција По Втората балканска војна селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1913 г. во него се попишани 160 жители кои во 1920 г. нараснале на 192. Населението продолжило да расте, па во 1940 г. во Хоруд се заведени 313 лица.
Селото како планинско настрадало во Граѓанската војна и во 1947 г. било напуштено. Малку подоцна било обновено, па во 1961 г. се спомнува со 89 жители. Набргу и тие жители го напуштиле, па останало пусто сè до 1990-тите, кога повторно заживеало, за да биде забележано со 63 жители во 2001 г.
Старото училиште, подигнато во 1932 г., денес е претворено во фолклорен музеј.
Население
Културни и природни знаменитости Црква „Св. Атанасиј“ од втората половина на XVI век
Наводи
Категорија:Лагадина