Паљухор () — село во Општина Аристотел во округот Халкидик, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, ГрцијаKallikratis law Greece Ministry of Interior . Пред реформата на локалната власт во 2011 година Паљухор бил дел од општина Леригово.
Географија и местоположба
Паљухор се наоѓа на 37 километри северозападно од градот Ерисово и на 5 километри источно од Леригово, во центарот на Халкидик, на надморска височина од 598 метри, во подножјето на планината Холомонда.
Селскиот атар опфаќа површина од 40 квадратни километри.
Историја Антички период
Најверојатно античкото село на местото каде денес се наоѓа Паљухор бил еден од 32-та града на Халкидичкиот сојуз околу Олинт, уништени од страна на Филип II Македонски во 348 п.н.е. Југозападно од селото се наоѓаат остатоци од средновековната тврдина Непос.
Отоманско Царство
Селото во текот на XIX век се наоѓало во казата Касандар во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, во селото живееле 560 жители ГрциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 173.. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 300 ГрциBrancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 210-211..
Грција
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 961 жител, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 983 жители.
Демографија
Во 1928 година селото броело 1118 жители, додека во 1940 година селото броело 1404 жители.
Селото според пописот од 1951 година броело 1442 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 1592 жители, во 1971 година имало 1535 жители, во 1981 година имало 1524 жители, додека во 1991 година имало 1620 жители. Денеска, населението на селото е 1489 жители според пописот од 2011 година.
Наводи
Надворешни врски Општина Аристотел
Категорија:Аристотел (општина)