Извор (, Пиги; до 1921 г. Ίσβορος, Изворос) — село во Гуменџиско, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот Округ, Грција. Населението брои 105 жители (2021). Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.
Географија Селото се наоѓа на околу 6 км северозападно од градот Бојмица.
Црквата, сместена крај реката Коџа Дере го носи името „Св. Илија“.Извор на сайта на Дем Боймица. Во неа има икони од кулакискиот зограф Николаос Константину.
Историја Во Отоманското Царство Во XIX век Извор било македонско село во Гевгелиската Каза. Во 1895–1896 г. во селото е основан комитет на ВМОРО.„Борбите в Македония – Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 52, ISBN 954-9514-56-0
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Изворъ било село во Гевгелиската Каза со 190 жители Македонци.
Бугарската пропаганда правела напори во Извор и целото село било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Извор (Izvor) имало 200 Македонци под егзархијата и во него работело бугарско училиште.
Во 1905 г., според Крсте Петков Мисирков, село Извор било македонско со 10 куќи.
По податоци на Егзархијата во 1910 г. Извор било чифлигарско село со 28 семејства сочинети од 159 жители Македонци и една црква.Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61 – 69.
Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Извор се состоел од 22 куќи на Македонци христијани.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 150 жители, кои во 1920 г. пораснале на 244 лица. Поради исклучително тешките услови за живот намерно наметнати од грчките власти, речиси сите жители го напуштиле селото со исклучок на 3 семејства, преселувајќи се во Бугарија (претежно во Пловдив) и во селото Моин, Гевгелиско. На нивно место властите довеле грчки доселеници.
Во 1928 г. Извор веќе било чисто дојденско село со 47 семејства сочинети од 180 лица. Денес населението на селото се состои претежно од грчки дојденци од Понд, малку од Тракија, Власи и малку мештани.
Во 1940 г. во Извор е попишан 291 жител, од кои само 20 Македонци, а останатите дојденци. Селото настрадало во Втората светска војна од соработници на окупаторот, како и во Граѓанската војна, кога грчката власт принудно го преселила населението во Бојмица и Нова Кавала. По војните помалку од половина од населението се вратило во Извор. Две македонски семејства се иселиле во НР Македонија, а грчките доселеници се преселиле во Солун и Бојмица. Во селото се доселиле Власи од Голема Ливада, Ениџевардарско, и ги купиле имотите на преселените доселенички семејства.
Население
Личности мини|Тодор Симовски Тодор Симовски (1924 – 1998) — историчар на Егејска Македонија и национален деец Атанас Христов Николов (Тане Ичев, 1872 - по 1943) — револуционер, деец на ВМОРО Борис Изворски (1887 – 1928) — револуционер, војвода на ВМРО Гоно Димитров — револуционер, деец на ВМОРО Дељо Новаков — револуционер, деец на ВМОРО Зафир Танчев — револуционер, деец на ВМОРО Лазар Делев — револуционер на ВМОРО, четник на Петар Христов - Германчето„Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903-1908“, ДА - Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.39 Мито Георгиев Делев — револуционер, деец на ВМОРО Мито Колев Христов — револуционер, деец на ВМОРО„Борбите в Македония – Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 134, ISBN 954-9514-56-0 Мито Траев Радналиев (? – 1905) — револуционер, деец на ВМОРО, убиен на 1 март 1905 г. во месноста Бачово кај Смол„Борбите в Македония – Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 135, ISBN 954-9514-56-0 Стојко Дељов Новаков — револуционер, деец на ВМОРО Стојан Димитров (? - 1925) — револуционер на ВМОРО Тане Димитров — револуционер, деец на ВМОРО Христо Николов Ќучуков — револуционер, деец на ВМОРО Христо Трајанов (1882 – 1905) — револуционер, деец на ВМОРО Јане Митрев Кехајов — револуционер, деец на ВМОРО
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Извор (Гуменџиско)