Петрово или Петрево (, Агиос Петрос; до 1927 г. Πέτροβο, Петрово), на турски Педрели — село во Гуменџиско, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот Округ, Грција. Населението брои 1.291 жители (2021). Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци кои денес сепак се многубројно малцинство во селото.

Географија Селото се наоѓа во запедниот крај на Солунското Поле, југоисточно од Гуменџе и на 16 км јужно од Бојмица.

Историја Во Отоманското Царство В XIX век Петрово е чисто българско село в Ениджевардарска каза на Османската империя. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) го опишал Петрово како македонско село.Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда. Во црквата „Св. Петар и Павле“ има икони на кулакискиот зограф Маргарит Ламбу и петровскиот зограф Димитар Вангелов.

Селото го признавало врховенството на Бугарската егзархија. Во мај 1880 г. уапсени се старешините на неколку ениџевардарски села и од нив е побарана гаранција дека се доверливи, што би можел да го даде само грчкиот митрополит. Така митрополитот успеал да ги откаже од Егзархијата селата Крива, Баровица, Црна Река, Тушилово, Петрово, Бозец, Постол, Геракарци и Кониково.Кирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877-1878. Том първи, книга първа, стр. 354.

На австроунгарската военна карта селото е означено како Педерли (Петрово) (Pederli (Petrovo)), а на картата на Кондојанис како Петровон (Πέτροβον), христијанско село.

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) в 1900 година Петрево има 620 жители, сите Македонци христијани.

Според Христо Силјанов, по Илинденското востание во 1904 г. целото село прешло под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Петрово (Petrovo) имало 928 Македонци, сите егзархисти. Меѓутоа, ссоред други извори, дел од жителите на Петрово сепак останале верни на елинизмот и активно учествувале во дејноста на грчката вооружена пропаганда, поради што селото го носело прекарот „Македонското Сули“.Портал на поранешната општина Ашиклар .

Во 1905 г., според Крсте Петков Мисирков, село Петрево било македонско со 110 куќи.

Според податоци на кукушкиот околиски училиштен инспектор Никола Хрлев во 1909 г. во Петрово имало бугарски учител назначен од Егзархијата, но властите не дозволиле отворање на бугарско училиште поради статуквото.

По податоци на Егзархијата во 1910 г. Петрово имало 110 семејства сочинети од 689 жители Македонци, 10 Роми (299 чифлигари) и една црква.Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61–69.

Во 1910 г. Халкиопулос напишал дека во селото (Πέτροβο) имало 75 егзархисти и 850 патријаршисти.

За време на Првата балканска војна Петрово е окупирано од бугарска војска. Во 1913 г. кметот Н. Новаков е принуден да избега поради упадите на грчки чети. Подоцна 60 грчки војници навалиле на Петрево и ги измачувале селаните Б. Гердан, Г. Бубаќовски, И. Оржанов, Т. Аларов, Й. Рьошев и И. Газлев под сомнение дека кријат пушки.

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека Петрово пред Балканските војни имало 115 куќи на Македонци христијани.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. Петрово било пропоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1912 г. е заведено како село со христијанска религија и македонски јазик. На пописот од 1913 г. селото (Πέτροβο, Μπεδρελή) имало 787 жители, од кои 390 мажи и 397 жени. Во 1920 г. населението спаднало на 708 лица.

Уште во 1914 г. некои семејства се иселиле во Бугарија поради неподносливите малтретирања на грчката власт. Во 1924-1925 г. принудно биле иселени во Бугарија уште 233 жители (56 семејства), а на нивно место се доселени грчки колонисти. Во 1927 г. името на селото е преведено во Агиос Петрос („Свети Петар“). Во 1928 г. селото е претставено како мешано со вкупно 1.907 жители од кои 434 лица (101 семејство) биле грчки дојденци, а останатите биле домородни Македонци.

Во 1940 г. Петрово имало 1.435 жители, од кои, според НОФ, 40 % () биле староседелски Македонци. Селото настрадало во Втората светска и Граѓанската војна.

+ Месности во Петрово преименувани со службен указ на 31 јули 1969 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Чибулка Τσιμπούλκα Кремидакија Κρεμμυδάκια возвишение на Ј од Петрово (94,9 m) Сази Σάζι Псатес Ψάθες Баири Μπαΐρια Аногия Ανώγια возвишение на З од Петрово

Население

Културни и природни знаменитости Црква „Св. Петар и Павле“

Личности мини|250п|Атанас Орџанов Родени в Петрово Андон Трајанов — борец во МОО, Нестројна чета на III Солунска дружина, ранет на 9 јули 1913 г. Атанас Каратрајанов (Αθανάσιος Καρατραγιάννης) — гркомански андартски деец, агент од III ред, Атанас Орџанов — револуционер, месен раководител на ВМОРО Атанасиос Пападопулос (Αθανάσιος Παπαδόπουλος) — гркомански андартски деец, агент од III ред Божин Арабаџиев — гркомански свештеник и водач на грчката странка во селото, убиен по наредба на Петар Пецанов Димитар Аларов — гркомански андартски деец, убиен по наредба на Петар Пецанов Димитар Вангелов — зограф Димитар Карастојанов (Δημήτριος Καραστογιάννης) — гркомански андартски деец, четник во гркоманската милиција Дионисиос Пападопулос (Διονύσιος Παπαδόπουλος) — гркомански андартски деец, четник Екатерина Ќучукова (Αικατερίνη Κιτσούκη) — гркомански андартски деец, агент од II ред Ичо Калинов (Ήλκος Γιοβάνης или Ιωάννης, Илкос Јованис) — гркомански андартски деец Мицо Орџанов — револуционер, роднина на Атанас Орџанов, убиен од гркомани во родното селоБабев, Иван. Македонска голгота, Македонска голгота, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София, 2009, стр.322 Никола Георгиев (Νικόλαος Γεωργιάδης) — гркомански андартски деец од III ред, четник во селската чета Никола Карастојанов (Νικόλαος Καραστογιάννης, Николаос Карастојанис) — гркомански андартски деец Петар Георгиев Димитров (1923 – 1945) — подофицер во Бугарија, загинат во Втората светска војнаДВИА, ф. 39, оп. 3, а.е. 105, л. 106 Поп Манол (Παπα Μανώλης) — гркомански андартски деец, агент од III ред Поп Христо Сакелариев — зограф Сотир Коџабазов (Σωτήριος Κοτζάμπασης) — гркомански андартски деец, четник во милицијата Ставро (Крсте) Ќучуков (Σταύρος Κιτσούκης) — гркомански андартски деец, агент од II ред Ст. Карастојанов (Στ. Καρατραγιάννης) — гркомански андартски деец, агент од II ред Христо Иванов (Χρήστος Ιωαννίδης) — гркомански андартски деец, агент од III ред, организатор на грчка милиција во селото, одржувал врски со Зервас, убиен по наредба на Петар Пецанов Христо Попилиев (Χρήστος Παπιλίδης) — гркомански андартски деец од II ред

Поврзани со Петрово Иванчо Карасулията (1875 – 1905) — револуционер, војвода на ВМОРО, по татко од петровскиот род Орџановци

Починати во Петрово Георгиос Пападопулос (Капетан Никифорос II, ? – 1907) — грчки андартски капетан

Наводи

Категорија:Петрово (Ениџевардарско)